Recipe Book
Расечете крст врз доматите, ставете ги во сад
за парење и ставете ги во апаратот. На крајот
од готвењето, отстранете ја лушпата од
доматите.
– Време во апаратот: 10 минути
– Ниво: 3
– Додадете 150 мл вода во фиоката за вода
Нелупени компири
Состојки:
• 1.000 g kомпир во лушпа, средна големина
Метод:
Измијте ги компирите и ставете ги во сад на
пареа.
– Време во апаратот: 55 минути.
– Ниво: 3
– Додајте 800 + 200 мл вода во фиоката за
вода
Варени компири
Состојки:
• 1.000 g компири
Метод:
Излупете ги компирите и исечете ги на
четвртинки со еднаква големина. Ставете ги
компирите во сад на пареа и зачинете ги со
сол.
– Време во апаратот: 40 минути.
– Ниво: 2
– Додадете 800 мл вода во фиоката за вода
Солени кнедли
Состојки/Метод:
• 300 г меки переци
• 200 мл млеко
•3 јајца
• 2 китки магдонос, исечкан
• 2 кромида, исечкани на коцки
• 10 g путер
• сол, црн пипер, мускатно оревче
Метод:
Загрејте млеко. Исечете ги переците на
парчиња од 1 cm, прелејте ги со загреаното
млеко и оставете ги околу 5 минути да се
натопат. Изматете ги јајцата и додадете ги.
На тивок оган динстајте го кромидот дури не
стане проѕирен, а потоа додадете го
магдоносот. Оставете да се излади, а потоа
додадете го во мешавината со переците.
Зачинете, а потоа внимателно измешајте се
заедно. Од мешавината формирајте околу 6
тортички и ставете ги на рамен сад на пареа.
– Време во апаратот: 35 минути
– Ниво: 2
– Додадете 650 мл вода во фиоката за вода
Ориз
Состојки:
• 200 г ориз со долго зрно
• 50 г див ориз
• сол и црн пипер
• 1 мала црвена пиперка
• 400 ml супа
После готвењето:
• 1 мала конзерва пченка (150 g)
Метод:
Ставете ги оризот со долго зрно, дивиот ориз,
солта, црниот пипер, бујонот од зеленчук и
водата во сад половина час пред готвењето.
Подгответе ја пиперката, исечете ја на мали
коцки, додадете ја во оризот и гответе ги.
– Време во апаратот: 40 минути
– Ниво: 2
– Додадете 800 мл вода во фиоката за вода
После готвењето: Исцедете ја пченката и
додајте ја во варениот ориз.
Солени тортички со јајца
Состојки:
•3 јајца
• 100 мл млеко
• 50 мл слатка павлака
• сол, црн пипер, мускатно оревче
• магдонос, сечкан
Метод:
Добро измешајте ги јајцата, млекото и
павлаката. Не матете ги. Потоа зачинете ги и
додајте сечкан магдонос. Налејте во
подмачкани стаклени или порцелански
садови.
– Време во апаратот: 30 минути
– Ниво: 3
– Додадете 400 мл вода во фиоката за вода
После печењето: извадете го јадењето од
садовите и исечете го на мали коцки или
шестоаголници.
26
www.electrolux.com










