Recipe Book
Зачинете го месото по вкус, вметнете го
сензорот за температурата во средината и
ставете го во огноотпорен сад.
– Ниво: 1
Свинска коленица
Состојки:
• 1 задна свинска коленица 0,8 - 1,2 kg
• 2 супени лажици масло
• 1 кафена лажичка сол
• 1 кафена лажичка благ црвен пипер
• 1/2 кафена лажичка босилок
• 1 мала конзерва сечкани печурки (280 g)
• супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
•вода
Метод:
Засечете ја кожата околу целата коленица.
Измешајте масло, сол, пипер и босилок и со
мешавината намачкајте ја свинската
коленица. Ставете ја свинската коленица во
тава за печење и одозгора распоредете ги
печурките. Додадете супа од зеленчук и вода;
долниот дел треба да биде потопен во 10-15
мм течност. Свртете го печеното месо после
отприлика 30 минути.
– Време во апаратот: 160 минути
– Ниво: 1
Свинска плешка
Состојки:
• 1,5 kg свинска плешка, со кожа, од прасе
•сол
• црн пипер
• 2 супени лажици маслиново масло
• 150 г ситно сечкан целер
• 1 праз, сечкан
• 1 мала конзерва домати, на мали парчиња
(400 g)
• 250 ml слатка павлака
• 2 чешниња лук, излупени и здробени
• свеж рузмарин и мајчина душичка
Метод:
Со остар нож исечете форми на дијамант во
кожата. Зачинете со сол и пипер и пржете во
тава на маслиново масло додека не се
зацрвени од сите страни, а потоа тргнете го
од ринглата. Во тавче динстајте ги целерот и
празот на малку масло додека да ја испуштат
вода, потоа додајте ги доматите, павлаката,
чешнињата лук, рузмаринот, мајчината
душичка, измешајте и одозгора ставете ја
свинската плешка. Ставете го јадењето во
апаратот.
– Време во апаратот: 130 минути
– Ниво: 1
Печено телешко
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 1000 до 3000 g.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност; долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10-20 mm течност. Покријте
го со капак.
– Ниво: 1
Телешка коленица
Состојки:
• 1 задна телешка коленица 1,5 - 2 kg
• 4 парчиња варена шунка
• 2 супени лажици масло
• 1 кафена лажичка сол
• 1 кафена лажичка благ црвен пипер
• 1/2 кафена лажичка босилок
• 1 мала конзерва сечкани печурки (280 g)
• супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
•вода
Метод:
Исечете 8 разрези по целата должина околу
целата коленица. Исечете ги четирите
парчиња варена шунка на половина и ставете
ги во разрезите. Измешајте масло, сол, црвен
пипер и босилок и со мешавината намачкајте
ја телешката коленица. Ставете ја телешката
коленица во тава за печење и одозгора
распоредете ги печурките. Додадете супа од
зеленчук и вода во телешката коленица;
долниот дел треба да биде потопен во 10-15
мм течност. Свртете го печеното месо после
отприлика 30 минути.
– Време во апаратот: 160 минути
– Ниво: 1
МАКЕДОНСКИ 3










