User manual

11. ПОМОШ И СОВЕТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
Температурата и
времињата на печење во
табелите се дадени само
како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките
што се употребуваат.
11.1 Препораки за готвење
Вашата печка може да ги пече тестото
или месото различно од печката што
сте ја имале порано. Табелите дадени
подолу со стандардните поставки за
температура, време на готвење и
позиција на решетката.
Ако не можете да ги најдете
нагодувањата за одреден рецепт,
побарајте нешто слично.
11.2 Внатрешна страна на
вратата
На внатрешната страна на вратата
можете да ги најдете:
броевите на позиции на решетката.
информации за функциите на
греење, препорачаните нивоа на
решетките и температурите за
вообичаени јадења.
11.3 Совет за специјалните
функции за греење на
печката
Одржување На Топлина
Функцијата ви дозволува да ја чувата
храната топла. Температурата
автоматски се регулира на 80°C.
Топлење На Чинии
Функцијата овозможува да се стоплат
чинии и јадења пред сервирање.
Температурата автоматски се
регулира на 70 °C.
Распоредете ги порциите и јадењата
еднакво по решетката. Користете го
првото ниво на решетката. После
половина од времето на греење
сменете ги нивните места.
Киснато Тесто
Функцијата Ви овозможува да надојде
квасецот. Ставете го тестото во
голема чинија. Користете го првото
ниво на решетката. Поставете
функција: Киснато Тесто и времето на
готвење.
Одмрзнување
Извадете ја храната од пакувањето и
ставете ја на чинија. Не ја покривајте
храната, затоа што може да го
продолжи времето на одмрзување.
Користете го првото ниво на
решетката.
11.4 Со Пареа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Внимавајте кога ја
отворате вратата на
печката додека работи
функцијата. Може да
излезе пареа.
Стерилизација
Со оваа функција можете да ги
стерилизирате садовите (на пр.
шишињата за бебиња).
Ставете ги чистите садови во обратна
насока на средината на решетката на
првото ниво.
Наполнете ја фиоката со
максималната количина вода и
поставете го времето на 40 мин.
Готвење
Оваа функција Ви овозможува да ги
подготвите сите видови на храна,
свежа или смрзната. Може да ја
користите за готвење, загревање,
динстање или бланширање на
зеленчук, месо, риба, тестенини, ориз,
гриз и јајца.
МАКЕДОНСКИ 29