Recipe Book

Силно истријте ги лигњите со сол, а потоа
измијте ги под чешма.
Излупете го кромидот, ситно исецкајте го и
династајте го со две супени лажици
маслиново масло додека не стане проѕирен.
Во кромидот додадете ги оризот со долго
зрно, пињолите, сувото грозје и сечканиот
магдонос и зачинете со сол, црн пипер и сок
од лимон. Наполнете ги лигњите со
мешавината и добро затворете го отворот.
Ставете четири супени лажици маслиново
масло во тава на рингла и исушете ги
лигњите. Додадете вино и сос од домати.
Покријте ја тавата со капак и ставете ја во
рерната.
Време во рерната: 60 минути
Позиција на решетката: 2
Steamed Fish
Состојки:
400 г компири
2 снопчиња млади кромитчиња
•2 чешниња лук
1 мала конзерва сечкани домати (400 г)
4 филети од лосос
сок од еден лимон
сол и црн пипер
75 мл супа од зеленчук
50 мл бело вино
1 гранче свеж рузмарин
•150 мл вино
1/2 китка мајчина душичка
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги, исечете ги
на четвртинки и варете ги во солена вода 25
минути, потоа исцедете ги и исечете ги на
парчиња.
Измијте ги младите кромитчиња и ситно
исечкајте ги. Излупете ги чешнињата лук и
исечете ги на парчиња. Измешајте ги
кромидот и лукот со сечканите домати.
Испрскајте ги филетите од лосос со сокот од
лимон и оставете ги да се маринираат. Потоа
исушете ги и зачинете ги со сол и црн пипер.
Измешајте го зеленчукот со компирите и
ставете ги во подмачкан огноотпорен сад,
зачинете и ставете го лососот одозгора.
Истурете ја супата од зеленчук и белото вино
врз јадењето и одозгора распоредете
рузмарин и мајчина душичка.
Време во рерната: 35 минути
Позиција на решетката: 2
Jansons Temptation
Состојки:
8 - 10 компири
2 главички кромид
125 г филети од инчун
300 мл слатка павлака
2 супени лажици лебни трошки
црн пипер
свежо исечкана мајчина душичка
2 супени лажици путер
Метод:
Измијте ги компирите, излупете ги и исечете
ги на ленти. Исчистете го кромидот и исечете
го на ленти.
Подмачкајте со путер огноотпорен сад за
печење. Ставете една третина од компирите
и кромидот во садот. Над нив ставете една
половина од филетите од инчун и преку нив
ставете уште една третина од компирот и
кромидот. Останатите филети наредете ги
врз нив. Најгоре ставете го остатокот од
кромид и компир така што најгоре да бидат
компирите.
Наросете црн пипер и мајчина душица врз
јадењето.
Истурете ја саламурата од инчунот преку
јадењето и додадете ја слатката павлака.
Наросете со лебни трошки и одозгора ставете
мали парчиња путер.
Време во рерната: 60 минути
Позиција на решетката: 2
CAKE
Lemon Sponge Cake
Состојки за мешавината:
250 г путер
200 г шеќер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8 г)
1 прстофат сол
•4 јајца
150 г брашно
150 г нишесте
1 рамна кафена лажичка прашок за печиво
рендана кора од 2 лимона
Состојки за глазурата:
125 мл сок од лимон
100 г шеќер во прав
Друго:
10
www.electrolux.com