Recipe Book

500 г брашно
1 мало пакетче сув квасец (8 г сув квасец
или 42 г свеж квасец)
80 г шеќер во прав
150 г путер
•3 јајца
2 кафени лажички сол
150 мл млеко
70 г суво грозје (претходно накиснете ги 1
час во 20 мл вишновка)
Состојки за глазурата:
50 г цели лупени бадеми
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец, шеќерот
во прав, путерот, јајцата, солта и млекото во
сад за матење и измесете изедначено тесто.
Покријте го тестото во садот и оставете го да
нарасне 1 час.
Рачно измесете го накиснатото суво грозје во
тестото.
Ставете ги бадемите во секоја празнина
посебно во подмачканиот калап за куглоф.
Потоа оформете го тестото во форма на
колбас и ставете го во калапот. Покријте го и
оставете да кисне уште 45 минути.
Време во рерната: 60 минути
Позиција на решетката: 2
Savarin Cake
Состојки за тестото:
350 г брашно
1 мало пакетче сув квасец (8 г сув квасец
или 42 г свеж квасец)
•75 г шеќер
100 г путер
5 жолчки од јајце
1/2 кафена лажичка сол
1 пакетче ванилин шекер (околу 8 г)
125 мл топло млеко
После печењето:
•375 мл вода
200 г шеќер
100 мл сливова ракија или 100 мл ликер од
портокал
Метод:
Ставете ги брашното, сувиот квасец, шеќерот,
путерот, жолчките, солта, ванилиниот шеќер и
млекото во сад за матење и измесете
изедначено тесто. Покријте го тестото во
садот и оставете го да нарасне 1 час. Потоа
ставете го тестото во калап во облик на
прстен, покријте го и оставете го да кисне
уште 45 минути.
Време во рерната: 35 минути
Позиција на решетката: 2
После печењето:
Зовријте вода и шеќер и оставете да се
олади.
Додадете сливова ракија или ликер од
портокал во шербетот и измешајте.
Кога ќе се олади колачот, избодете го на
неколку места со дрвено стапче и оставете
колачот еднакво да го впие шербетот.
Brownies
Состојки:
250 г чоколадо за готвење
250 г путер
375 г шеќер
2 пакетче ванилин шеќер (околу 16 г)
1 прстофат сол
5 супени лажици вода
•5 јајца
375 г ореви
250 г брашно
1 кафена лажичка прашок за печиво
Метод:
Искршете го чоколадото на големи парчиња и
стопете го во сад на пареа или вода.
Изматете ги заедно путерот, шеќерот,
ванилиниот шеќер, солта и водата, додајте ги
јајцата и стопеното чоколадо.
Оревите исечете ги крупно, измешајте ги со
брашното и прашокот за печиво и вмешајте ги
во чоколадната мешавина.
Обложете длабок плех за печење со хартија
за печење, ставете ја смесата врз плехот и
израмнете.
Време во рерната: 50 минути
Позиција на решетката: 3
После печењето:
Оставете да се олади, отстранете ја хартијата
за печење и исечете го колачот на коцки.
Muffins
Состојки:
150 г путер
150 г шеќер
1 пакетче ванилин шекер (околу 8 г)
1 прстофат сол
едно тенко парче лимон без кора
14
www.electrolux.com