Recipe Book

Време во рерната: 25 минути
Позиција на решетката: 1
Onion Tart
Состојки за тестото:
300 г брашно
20 г квасец
125 мл млако млеко
•1 јајце
•50 г путер
•3 г сол
Состојки за филот:
750 г кромид
250 г сланина
•3 јајца
250 г кисела павлака
125 мл млеко
1 кафена лажичка сол
1/2 кафена лажичка мелен црн пипер
Метод:
Просејте го брашното во чинија за мешање,
направете дупка во средината.
Исечете го квасецот, ставете го во дупката,
измешајте го со млекото и со малку брашно
од работ. Наросете брашно, оставете го да
кисне на топло место додека наросеното
брашно на квасецот не испука.
Ставете ги јајцето и путерот на работ од
брашното. Сето заедно изработете го во
изедначено тесто со квасец.
Оставете го тестото да нарасне на топло
место додека не стане двапати поголемо.
Во меѓувреме, излупете го и исечете го
кромидот на четвртинки и потоа исечете го на
тенки резанки.
Исечете ја сланината на коцки и пржете ја на
тивок оган со кромидот, но да не се препржи.
Оставете да се излади.
Расукајте го тестото и ставете го на
подмачкан плех за печење, избодете го од
долу со вилушка и притиснете ги рабовите да
се подигнат. Оставете го повторно да
нарасне.
Измешајте ги заедно јајцата, киселата
павлака, млекото, солта и црниот пипер.
Нанесете ги изладениот кромид и сланината
на основата на тестото. Ставете ја
мешавината насекаде и израмнете.
Време во рерната: 45 минути
Позиција на решетката: 1
Quiche Lorraine
Состојки за тестото:
200 г брашно
•2 јајца
250 г путер
1/2 кафена лажичка сол
малку црн пипер
1 прстофат мускатно оревче
Состојки за филот:
150 г рендано сирење
200 г варена шунка или посна сланина
•2 јајца
250 г кисела павлака
сол, црн пипер и мускатно оревче
Друго:
Црн плех за печење, подмачкан, со
дијаметар од 28 см
Метод:
Ставете брашно, путер, јајца и зачини во
чинија за мешање и измешајте до изедначено
тесто. Оставете го тестото да стои во
фрижидер неколку часови.
Потоа развлечете го тестото и ставете го во
подмачканиот црн плех за печење. Избодете
го од долу со вилушка.
Распоредете ја сланината врз тестото.
За да го направите филот, измешајте ги
заедно јајцата, киселата павлака и зачините.
Потоа додајте го сирењето.
Истурете го филот врз сланината.
Време во рерната: 40 минути
Позиција на решетката: 1
Goatscheese Flan
Состојки за тестото:
125 г брашно
60 мл маслиново масло
1 прстофат сол
3 - 4 супени лажици ладна вода
Состојки за филот:
1 супена лажица маслиново масло
2 главички кромид
сол и црн пипер
1 кафена лажичка сечкана мајчина
душичка
125 г рикота
100 г козјо сирење
2 супени лажици маслинки
МАКЕДОНСКИ 17