Recipe Book

50 г меко сирење, рендаон
Метод:
Со остар нож, отстранете ги кората
и ’рскавицата од сланината и исечкајте ја на
ситни коцки. Излупете ги кромидот и
морковот, исчистете го целерот, исечкајте го
сиот зеленчук на ситни коцки.
Загрејте го маслото во тава и мешајќи
постојано запржете ги сланината и зеленчукот
исечкан на коцки.
Постепено додавајте го меленото месо,
запржете го со постојано мешање додека не
стане зрнесто и додадете супа од месо за да
се растворат соковите од месото. Зачинете го
сосот од месо со пирето од домат, билките,
солта и црниот пипер и варете го покриено,
приближно 30 минути, на тивок оган.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
Растопете го путерот во тава, додадете го
брашното и со постојано мешање пржете
додека не добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го на отворено
приближно 10 минути.
Премачкајте голем правоаголен огноотпорен
сад со 1 супена лажица путер. Наизменично,
во слоеви, редете ги во садот листовите од
тестенината, сосот од месо, бешамел сосот и
измешаното сирење. Притоа, на крај треба да
дојде слој од бешамел сосот посипан со
сирење. Остатокот од путерот наредете го во
мали парчиња врз јадењето.
Време во рерната: 55 минути
Позиција на решетката: 2
Cannelloni
Состојки за филот:
50 г кромид, сечкан
•30 г путер
350 г спанаќ, сечкан
100 г кисела павлака
200 г свеж лосос, сечкан на коцки
200 г гргеч, сечкан на коцки
150 г шкампи
150 г месо од школки
•сол, црн пипер
Состојки за бешамел сос:
•75 г путер
50 г брашно
500 мл млеко
100 г димен лосос
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
1 пакетче канелиони
50 г пармезан, рендан
150 г сирење, рендано
•40 г путер
Метод:
Ставете ги кромидот и путерот во тава и
гответе ги полека додека не станат проѕирни.
Додадете ги сечканите листови спанаќ и
варете ги кратко и на тивок оган. Додадете ја
киселата павлака, промешајте и потоа
оставете да се излади.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
Растопете го путерот во тава, додадете го
брашното и со постојано мешање пржете
додека не добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го на отворено
приближно 10 минути.
Во спанаќот додадете го лососот, гргечот,
шкампите и месото од школки и измешајте.
Премачкајте голем правоаголен огноотпорен
сад со 1 супена лажица путер.
Наполнете ги канелионите со мешавината од
спанаќ и ставете ги во сад за печење.
Ставете бешамел сос меѓу секој ред
канелиони. Притоа, на крај треба да дојде
слој од бешамел сосот посипан со сирење.
Остатокот од путерот наредете го во мали
парчиња врз јадењето.
Време во рерната: 55 минути
Позиција на решетката: 2
Potato Gratin
Состојки:
1.000 г компири
по 1 кафена лажичка сол, пипер и мускатно
оревче
2 чешниња лук
200 г рендано сирење
200 мл млеко
200 мл слатка павлака
4 супени лажици путер
Метод:
Излупете ги компирите, исечете ги тенко,
исушете ги и потоа зачинете ги.
Истријте огноотпорен сад за печење со едно
чешне лук и потоа намачкајте го садот со
малку путер.
Распоредете ги половината од зачинетите
парчиња компири во садот и попрскајте малку
20
www.electrolux.com