Recipe Book

од ренданото сирење врз нив. Наредете го
преостанатиот компир врз тоа и распоредете
го преостанатото рендано сирење одозгора.
Згмечете го второто чешне лук и измешајте го
со млекото и слатката павлака. Налејте ја
мешавината врз компирите и распоредете го
остатокот од путерот во мали грутки врз
јадењето.
Време во рерната: 65 минути
Позиција на решетката: 2
Moussaka
Состојки:
1 исечкан кромид
маслиново масло
1,5 кг мелено месо
1 мала конзерва сечкани домати (400 г)
50 г рендан ементалер
4 кафени лажички лебни трошки
сол и црн пипер
цимет
1 кг компири
1,5 кг модар патлиџан
путер за пржење
Состојки за бешамел сос:
•75 г путер
50 г брашно
600 мл млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
Ставете ги заедно со:
150 г рендан ементалер
4 супени лажици лебни трошки
•50 г путер
Метод:
Динстајте го исечканиот кромид на малку
маслиново масло, потоа додадете го
меленото месо и гответе мешајќи.
Додајте ги сечканите домати, ренданиот
ементалер и лебните трошки, добро
промешајте и оставете да зоврие. Потоа
зачинете со сол, црн пипер и цимет и тргнете
го од рингла.
Излупете ги компирите и исечете ги на
тркалца дебели 1 см, измијте ги модрите
патлиџани и исечете ги на тркалца дебели 1
см.
Исушете ги сите тркалца со кујнска хартија.
Потоа пржете ги во тавче со многу путер.
Во меѓувреме, подгответе го бешамелот:
Растопете го путерот во тава, додадете го
брашното и со постојано мешање пржете
додека не добие златна боја. Постепено и со
постојано мешање налејте го млекото.
Зачинете го сосот со сол, црн пипер и
мускатно оревче и варете го на отворено
приближно 10 минути.
Ставете ги тркалцата компир на дното на
подмачкан сад за печење, наросете малку
рендано сирење. Врз тоа наредете ред модар
патлиџан. Над модриот патлиџан ставете ја
мешавината со мелено месо. Над тоа ставете
малку бешамел сос.
Потоа наредете нов слој од компир, модар
патлиџан и мешавина со мелено месо.
Последниот ред треба да е бешамел сос. На
површината распоредете го остатокот од
сирењето и лебните трошки. Растопете го
путерот и прелијте го врз површината на
мусаката.
Време во рерната: 60 минути
Позиција на решетката: 2
Pasta Gratin
Состојки:
1 литар вода
•сол
250 г таљатели
250 г варена шунка
•20 г путер
1 китка магдонос
1 кромид
100 г путер
•1 јајце
250 мл млеко
сол, црн пипер и мускатно оревче
50 г рендан пармезан
Метод:
На рингла зовријте вода со малку сол.
Ставете ги таљателите во солената вода што
врие и варете ги околу 12 минути. Потоа
исцедете ги.
Исечете ја шунката на коцки.
Загрејте го путерот во тавче.
Исецкајте магдонос и излупете кромид и
исецкајте го. Динстајте ги во тавче.
Подмачкајте сад за печење со малку путер.
Измешајте ги таљателите и динстаниот
магдонос и кромид и ставете ги во садот.
Измешајте го јајцето со млекото и зачинете со
сол, црн пипер и мускатно оревче, и со тоа
полејте ги тестенините. Потоа распоредете
пармезан на површината.
Време во рерната: 45 минути
МАКЕДОНСКИ 21