Recipe Book

печурките. Додајте супа од зеленчук и вода.
Долниот дел од месото треба да биде
потопено во 10 - 15 мм течност.
Време во рерната: 160 минути
Позиција на решетката: 2
Pork Shoulder
Состојки:
1,5 кг свинска плешка, со кожа, од прасе
•сол
црн пипер
2 супени лажици маслиново масло
150 г ситно сечкан целер
1 праз, сечкан
1 мала конзерва домати, на мали парчиња
(400 г)
250 мл слатка павлака
2 чешниња лук, излупени и здробени
свеж рузмарин и мајчина душичка
Метод:
Со остар нож исечете форми на дијамант во
кожата. Зачинете со сол и пипер и пржете во
тава на маслиново масло додека не се
зацрвени од сите страни, а потоа тргнете го
од ринглата. Во тавче динстајте ги целерот и
празот на малку масло додека да ја испуштат
вода, потоа додајте ги доматите, павлаката,
чешнињата лук, рузмаринот, мајчината
душичка, измешајте и одозгора ставете ја
свинската плешка. Ставете го јадењето во
рерна.
Време во рерната: 130 минути
Позиција на решетката: 2
Roast Veal
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 800 до 3000 г.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност; долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 20 мм течност. Покријте
го со капак.
Позиција на решетката: 2
Veal Knuckle
Состојки:
1 задна телешка коленица 1,5 - 2 кг
4 парчиња варена шунка
2 супени лажици масло
1 кафена лажичка сол
1 кафена лажичка благ црвен пипер
1/2 кафена лажичка босилок
1 мала конзерва сечкани печурки (280 г)
супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
•вода
Метод:
Исечете 8 разрези по целата должина околу
целата коленица. Исечете ги четирите
парчиња варена шунка на половина и ставете
ги во разрезите. Измешајте масло, сол, црвен
пипер и босилок и со мешавината намачкајте
ја телешката коленица. Ставете ја телешката
коленица во тава за печење и одозгора
распоредете ги печурките. Додајте супа од
зеленчук и вода во телешката коленица.
Долниот дел од месото треба да биде
потопен во 10 - 15 мм течност.
Време во рерната: 160 минути
Позиција на решетката: 2
Ossobuco
Состојки:
4 супени лажици путер за пржење
4 парчиња телешка потколеница, со
дебелина од околу 3 - 4 см (исечени
попречно во однос на коската)
4 моркови со средна големина, исечени на
мали коцки
4 гранчиња целер, исечени на мали коцки
1 кг зрели домати, излупени, исечени на
половинки, со отстранета срцевина и
исечени на коцки
1 китка магдонос, измиена и грубо
исечкана
4 супени лажици путер
2 супени лажици брашно за панирање
6 супени лажици маслиново масло
250 мл бело вино
250 мл супа од месо
3 средни главички кромид, излупени и
исечкани на мали парчиња
3 чешниња лук, излупени и ситно исечкани
по 1/2 кафена лажица мајчина душичка и
оригано
2 ловорови листа
МАКЕДОНСКИ 3