Recipe Book

•2 чешниња
сол, свежо мелен црн пипер
Метод:
Стопете 4 супени лажици путер во тавче и во
него динстајте го зеленчукот додека не пушти
вода. Извадете го зеленчукот од тавата.
Измијте ги парчињата телешка потколеница,
исушете ги, зачинете ги и извалкајте ги во
брашно. Истресете го вишокот брашно.
Загрејте го маслиновото масло и пржете ги
парчињата на среден оган додека не добијат
златно кафена боја. Извадете го месото и
истурете го вишокот маслиново масло од
тавата.
Растопете ги соковите од месото во тавата со
250 мл вино, ставете во лонец и оставете
полека да врие некое време. Додадете 250 мл
супа од месо и додадете ги магдоносот,
мајчината душичка, ориганото и доматот во
коцки. Зачинете со сол и црн пипер. Потоа
продолжете со варењето.
Ставете го зеленчукот во тавата за печење,
ставете го месото врз зеленчукот и истурете
го сосот одозгора. Покријте ја тавата со капак
и ставете ја во рерната.
Време во рерната: 120 минути
Позиција на решетката: 2
Stuffed Veal Breast
Состојки:
1 парче леб
•1 јајце
200 г мелено месо
•сол, црн пипер
1 кромид, исечкан
магдонос, сечкан
1 кг телешки гради (со засечен џеб)
супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
•50 г сланина
•250 мл вода
Метод:
Натопете го парчето леб во вода и потоа
исцедете го. Потоа измешајте го со јајцето,
меленото месо, солта, црниот пипер,
сечканиот кромид и магдоносот.
Зачинете ги телешките гради (со засечен џеб
во нив) и наполнете го џебот со полнењето од
месо. Потоа цврсто затворете го отворот.
Ставете ги телешките гради во тава за
печење, додадете ја супата од зеленчук,
сланината и водата.
Време во рерната: 100 минути
Позиција на решетката: 2
Meat Loaf
Состојки:
2 парчиња сув леб
1 кромид
3 супени лажици сечкан магдонос
750 г мелено месо (мешавина од јунешко и
свинско)
•2 јајца
сол, црн пипер и црвен пипер
100 г тенки парчиња сланина
Метод:
Натопете ги парчињата леб во вода и потоа
исцедете ги. Излупете го кромидот и ситно
исечкајте го, потоа динстајте го додека не
пушти вода и додадете го исечканиот
магдонос.
Измешајте ги заедно меленото месо, јајцата,
исцедените парчиња леб и кромидот.
Зачинете со сол, црн пипер и црвен пипер,
ставете го во правоаголен сад за печење и
покријте го со парчињата сланина. Додајте
малку вода и ставете го јадењето во рерната.
Време во рерната: 70 минути
Позиција на решетката: 2
BEEF/GAME/LAMB
Top Side Beef
Поставки:
Автоматска сонда за месо. Температура во
средината за:
Полуживо - 48°C
Средно - 58 °C
Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете ја
сондата за месо и ставете го во огноотпорен
сад.
Позиција на решетката: 2
Scandinavian Beef
Поставки:
Автоматска сонда за месо. Температура во
средината за:
Полуживо - 50 °C
Средно печено - 65°C
4
www.electrolux.com