Recipe Book

Добро печено - 70°C
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете ја
сондата за месо и ставете го во огноотпорен
сад.
Позиција на решетката: 2
Roast Beef
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 800 до 2500 г.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност. Долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 20 мм течност. Покријте
го со капак.
Позиција на решетката: 2
Marinated Beef
За подготвување на маринадата:
1 л вода
•500 мл вински оцет
2 кафени лажички сол
15 зрна црн пипер
15 зрна боровинки
5 ловорови листа
2 снопчиња зеленчук за супа (морков, праз,
целер, магдонос)
Ставете ги заедно да зовријат, а потоа
оставете ги да се оладат.
1,5 кг парче говедско
Истурете ја маринадата врз говедското да
го прекрие и оставете го да се маринира 5
дена.
Состојки за печењето:
•сол
црн пипер
супа од зеленчукот од маринадата
Метод:
Извадете го парчето говедско од маринадата
и исушете го. Зачинете со сол и црн пипер и
запржете го од сите страни во тавче, па
додадете малку супа од зеленчук од
маринадата.
Ставете малку маринада во тавата за
печење. Долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 15 мм течност. Покријте
ја тавата за печење со капак и ставете ја во
рерната.
Време во рерната: 150 минути
Позиција на решетката: 2
Loin of Game
Поставки:
Автоматска сонда за месо. Температура во
средината 70°C.
Метод:
Зачинете го месото по вкус, вметнете ја
сондата за месо и ставете го во огноотпорен
сад.
Позиција на решетката: 2
Roast Game
Поставки:
Автоматско мерење на тежината.
Поставување на опсег на тежината на
јадењето од 1000 до 3000 г.
Метод:
Зачинете го месото по вкус и ставете го во
огноотпорен сад. Додадете вода или друга
течност. Долниот дел од месото треба да
биде потопен во 10 - 20 мм течност. Покријте
го со капак.
Позиција на решетката: 2
Rabbit
Состојки:
2 зајачки грба
6 боровинки (згмечени)
сол и црн пипер
30 г стопен путер
125 мл кисела павлака
супа од зеленчук (морков, праз, целер,
магдонос)
Метод:
Истријте ги зајачките грбови со згмечените
боровинки, солта и црниот пипер и
премачкајте ги со стопениот путер.
Ставете ги зајачките грбови во тава за
печење, додадете ја киселата павлака и
супата од зеленчук.
Време во рерната: 35 минути
Позиција на решетката: 2
МАКЕДОНСКИ 5