Recipe Book

50 г лебни трошки
1 супена лажица естрагон
магдонос, сечкан
•сол, црн пипер
лимон
•путер
Метод:
Испрскајте ги филетите од риба со сок од
лимон и оставете ги малку да се маринираат,
потоа отстранете го вишокот сок со кујнска
хартија. Зачинете ги филетите од риба од
двете страни со сол и црн пипер. Потоа
ставете ги филетите од риба во огноотпорен
сад подмачкан со путер.
Измешајте ги заедно со ренданото сирење,
слатката павлака, лебните трошки,
естрагонот и сечканиот магдонос.
Распоредете ја мешавината веднаш врз
филетите од риба и ставете мали париња
путер врз мешавината.
Време во рерната: 35 минути
Позиција на решетката: 2
Cod Fish
Состојки:
800 г сушен бакалар
2 супени лажици маслиново масло
2 големи главички кромид
6 чешниња лук, излупен
2 парчиња праз
6 црвени пиперки
1/2 конзерва сечкани домати (200 г)
200 мл бело вино
200 мл инстант супа
црн пипер, сол, мајчина душичка, оригано
Метод:
Ставете го сушениот бакалар да кисне во
текот на ноќта. Следниот ден исцедете го
накиснатиот сушен бакалар, ставете го во
лонец со свежа вода и ставете го на рингла
да зоврие. Потоа тргнете го од ринглата и
оставете го да се олади.
Во тавче ставете маслиново масло да се
загрее. Излупете го кромидот и исечете го на
парчиња, здробете ги излупените чешниња
лук и исечете го празот на тркалца и измијте
ги. Заедно ставете ги во врелото масло и
пржете кратко. Извадете го семето од
пиперките и исечете ги на ленти. Потоа
ставете ги во тавчето заедно со сечканите
домати.
Додадете бело вино и инстант супа и
оставете малку да се вари на тивко. Зачинете
со црн пипер, сол, мајчина душичка и оригано
и оставете да се вари на тивко уште 15
минути.
Земете го изладениот сушен бакалар од
лонецот и исушете го со кујнска хартија.
Отстранете ги кожата, коските и сите перки.
Расцепкајте го месото и, измешано со
зеленчукот, ставете го во огноотпорен сад.
Време во рерната: 30 минути
Позиција на решетката: 2
Fish in Salt
Состојки:
една цела риба, околу 1,5 - 2 кг
2 лимона со чиста кора (без восок)
1 главичка коморач
4 гранчиња свежа мајчина душичка
•3 кг кујнска сол
Метод:
Исчистете ја рибата и истријте ја со сокот од
двата лимона.
Исечете ја главичката коморач на тенки
парчиња и заедно со гранчињата свежа
мајчина душичка наполнете ја рибата.
Ставете половина од кујнската сол во сад за
печење и врз неа ставете ја рибата. Другата
половина кујнска сол ставете ја врз рибата и
цврсто притиснете надолу.
Време во рерната: 55 минути
Позиција на решетката: 2
Stuffed Calamari
Состојки:
1 кг лигњи, со средна големина, исчистени
1 големa главичкa кромид
2 супени лажици маслиново масло
90 г зготвен ориз со долго зрно
4 супени лажици пињоли
4 супени лажици суво грозје
2 супени лажици сечкан магдонос
•сол, црн пипер
сок од еден лимон
4 супени лажици маслиново масло
150 мл вино
500 мл доматен сос
Метод:
МАКЕДОНСКИ 9