User manual

5.5 Местење на полици на
вратата
За да се овозможи чување на пакети
храна во разни големини, полиците на
вратата може да се поставуваат на
различни височини.
1. Влечете ја полицата во насока на
стрелките сѐ додека не ја
извадите.
2. Поместете ја како што е потребно.
1
2
5.6 Показно светло за
температура
За правилно чување на храната во
фрижидерот ладењето е опремено со
температурен показател. Страничниот
симбол ја покажува најстудената
област во фрижидерот.
Ако е прикажан “OK” (A), ставете
свежа храна во областа означена со
симбол, ако не (B), наместете го
контролорот на температура на
пониска поставка и чекајте 12 часа
пред да го проверите повторно
температурниот показател.
OK
OK
A
B
Откако ќе ја ставите
свежата храна во апаратот
или после отворање на
вратата повеќе пати
подолго време, нормално
е показателот да не
покажува „ОК“; почекајте
најмалку 12 часа пред
повторно поставување на
контролорот на
температура.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
6.1 Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време
на работа:
Слабо клокотење и звук на
кркорење од калемот кога
фрижидерот се полни.
Звук на брмчење и пулсирачки звук
од компресорот кога фрижидерот
се полни.
Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен
којшто не е опасен).
Слаб звук на чкрипење од
регулаторот на температура кога
компресорот се вклучува или
исклучува.
6.2 Совети за штедење
енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
www.electrolux.com8