User manual

ВНИМАНИЕ!
Ако полицата е ставена
хоризонтално, ставајте
само затворени шишиња.
5.5 фиока CrispFresh
Фиоката е погодна за чување на
овошје и зеленчук.
6. ПОМОШ И СОВЕТИ
6.1 Нормални работни звуци
Следните звуци се нормални за време
на работа:
Слабо клокотење и звук на
кркорење од калемот кога
фрижидерот се полни.
Звук на брмчење и пулсирачки звук
од компресорот кога фрижидерот
се полни.
Ненадеен звук на кршење од
внатрешноста на апаратот како
резултат на термичка дилатација
(природен и физички феномен
којшто не е опасен).
Слаб звук на чкрипење од
регулаторот на температура кога
компресорот се вклучува или
исклучува.
6.2 Совети за штедење
енергија
Не отворајте ја вратата често и не
оставајте ја отворена подолго
отколку што е неопходно.
6.3 Совети за ладење свежа
храна
За да добиете најдобри перформанси:
не ставајте топла храна или
течности што испаруваат во
фрижидерот
покривајте ја или виткајте ја
храната, особено ако има посилен
вкус
ставајте ја храната така што
воздухот може да кружи слободно
околу неа
6.4 Совети за ладење
Корисни совети:
Месо (сите видови): спакувајте го
во пластични ќесички и ставете го
на стаклената полица над фиоката
за зеленчук.
Најбезбедно е да го чувате на овој
начин само еден или најмногу два
дена.
Зготвена храна, ладни јадења и
сл... тие треба да се покриени и
може да се стават на која било
полица.
Овошје и зеленчук: тие треба да се
убаво измиени и ставени во
специјалните фиоки за нив.
Путер и сирење: тие треба да се
чуваат во посебни херметички
садови или завиткани во
алуминиумска фолија или
пластични ќесички за да се спречи
допирот со воздух.
Шишиња: тие треба да бидат
затворени со капаче и да се чуваат
на полицата за шишиња на вратата
(ако има) или на држачот за
шишиња.
Бананите, компирите, кромидот и
лукот, ако не се спакувани, не
смеат да се чуваат во фрижидер.
www.electrolux.com26