User manual

7. НЕГА И ЧИСТЕЊЕ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
7.1 Општи предупредувања
ВНИМАНИЕ!
Исклучете го апаратот од
струја пред да вршите
каква било постапка за
одржување.
Овој апарат содржи
хидрокарбонати во
одделот за ладење; затоа
оддржувањето и
повторното полнење мора
да биде направено од
овластени техничари.
Додатоците и деловите од
апаратот не се соодветни
за миење во машина за
миење на садови.
7.2 Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, а потоа темелно
избришете ги.
ВНИМАНИЕ!
Не користете детергенти
или абразивни прашоци
бидејќи можат да ја
оштетат политурата.
7.3 Периодично чистење
ВНИМАНИЕ!
Не влечете ги, не
поместувајте ги и не
оштетувајте ги цевките
и/или каблите во
фрижидерот.
ВНИМАНИЕ!
Внимавајте да не го
оштетите системот за
ладење.
ВНИМАНИЕ!
Кога го движите апаратот,
кренете го предниот дел за
да спречите гребење на
подот.
Опремата треба редовно да се чисти:
1. Измијте ги внатрешноста и
додатоците со млака вода и со
неутрален сапун.
2. Редовно проверувајте ги
заптивките на вратата и бришете
ги за да бидат чисти и без
остатоци од храна.
3. Исплакнете и избришете целосно.
4. Ако се достапни, чистете ги со
четка кондензаторот и
компресорот на задната страна на
апаратот.
Со тоа се подобрува работењето
на апаратот и се штеди
електрична енергија.
7.4 Одмрзнување на
фрижидерот
Сланата автоматски се отстранува од
испарувачот во преградата од
фрижидерот секогаш кога
компресорот ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба.
Водата од одмрзнувањето истекува во
посебен сад од задната страна на
апаратот, над компресорот, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на
каналот во преградата на фрижидерот
за да се спречи прелевање на водата
и нејзино капење врз храната внатре.
МАКЕДОНСКИ 27