User manual

ВНИМАНИЕ!
Ако околната температура
е висока или апаратот е
целосно наполнет, а
апаратот е поставен на
најниската температура,
може да работи без прекин
што ќе предизвика
формирање мраз на
задниот ѕид. Во тој случај,
тркалцето мора да се
постави на повисока
температура за да се
овозможи автоматско
одмрзнување, а со тоа и
помала потрошувачка на
енергија.
5. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за
заштита и сигурност.
5.1 Замрзнување на свежа
храна
Преградата за замрзнување е погодна
за замрзнување на свежа храна и за
долгорочно чување на замрзната и
длабоко замрзната храна.
За да смрзнувате свежа храна, не е
неопходно да ја менувате средната
поставка.
Меѓутоа, за побрзо смрзнување,
свртете го регулаторот на
температурата кон поголемата
поставка за да постигнете максимално
ладење.
ВНИМАНИЕ!
Во оваа состојба,
температурата на
комората на фрижидерот
може да падне под 0°C.
Ако се случи тоа,
поставете го регулаторот
на температурата на
поставка за повисока
температура.
5.2 Чување на замрзната
храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете го
апаратот да работи барем 2 часа на
највисоката поставка.
Во случај на случајно
одмрзнување, на пример
при прекин на
снабдувањето со
електрична струја, ако
струјата била исклучена
подолг период од
вредноста прикажана во
табелата со технички
карактеристики под „време
на подигање“, одмрзнатата
храна мора да биде брзо
конзумирана или веднаш
зготвена и потоа повторно
замрзната (откако ќе се
излади).
5.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата
храна, пред да се употреби, може да
се одмрзне во преградата на
фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
www.electrolux.com22