User manual

Екран
1 2 3 4 5 8 7 6
1 Индикатор за комората на
фрижидерот
2 Индикатор за комората на
замрзнувачот
3 Индикатор за позитивна или за
негативна температура
4 Температурен индикатор
5 функција Action Freeze
6 функција Shopping
7 функција Minidac
8 функција Performance Optimization
Вклучување
Откако ќе го приклучите кабелот во
штекер, ако екранот не се осветли,
притиснете го копчето за вклучување/
исклучување.
Штом се вклучи апаратот, следниве
сигнали се појавуваат на контролната
табла:
Показателот за позитивна или
негативна температура ќе биде
позитивен, укажувајќи дека
температурата е во плус
температурата трепка, заднината на
екранот е црвена и ќе чуете зуење.
Притиснете го копчето за функции и
зуењето ќе престане (видете и во "Аларм
за прекумерна температура" ) .
Поставете ја саканата температура
(видете во "Регулирање на
температурата").
Исклучување
Апаратот се исклучува со држење на
прекинувачот за вклучување/
исклучување подолго од 1 секунда.
После тоа се прикажува одбројување на
температурата од -3 -2 -1.
Кога апаратот е исклучен, се гаси и
екранот.
Прикажување на температурата
Секогаш кога ќе се притисне копчето за
прикажување на температурата на
фрижидерот-замрзнувач, на екранот се
прикажува, едно по друго:
1. Показателот за фрижидерската
комора свети.
На екранот се прикажува
температурата на фрижидерот.
2. Показателот за замрзнувачката
комора свети.
9)
На екранот се прикажува
температурата на замрзнувачот.
Како и да е, по 10 секунди нормалното
функционирање на екранот се враќа.
Мени со функции
Секогаш кога ќе се притисне копчето за
функции, следниве функции се
активираат во насока одлево надесно:
функција Action Freeze
функција Shopping
функција Minidac
функција Performance Optimization
нема симбол: нормално работење.
ВАЖНО Може да вклучите само една
функција одеднаш.
За да ги исклучите функциите,
притискајте го копчето за функции
повеќепати додека не ги снема иконите.
Регулирање на температурата
Температурата во апаратот се
контролира со регулаторот на
температура што се наоѓа на горниот
дел на апаратот.
Температурата на фрижидерската
комора може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
фрижидерот и може да варира меѓу
повеќе или помалку од +2°C и +8°C.
9) Во нормални услови.
electrolux 23