User manual

Температурата на замрзнувачката
комора може да се регулира со вртење
на регулаторот на температурата на
заамрзнувачот и може да варира меѓу
повеќе или помалку од -15°C и -24°C.
Со вртење на регулаторот за
температура, екранот трепка и ја
прикажува саканата температура.
За правилно чување на храната треба да
се постават следниве температури:
+5°C во фрижидерот
-18°C во замрзнувачот.
Откако ќе се постави саканата
температура, ако регулаторот за
температура не се сврти во рок од 5
секунди, ќе се прикаже температурата на
замрзнувачката комора.
За да работите со апаратот, постапете
на следниов начин:
свртете го регулаторот на
температурата надесно за да
постигнете максимално ладење;
свртете го регулаторот на
температурата налево за да
постигнете минимално ладење.
Средната положба обично е најпогодна.
Меѓутоа, точната поставка треба да се
одбере имајќи предвид дека
температурата во внатрешноста на
апаратот зависи од:
собната температура
колку често се отвора вратата
количеството храна што се чува
местоположбата на апаратот.
Функција Performance optimization
Функцијата Performance optimization се
активира со притискање на функциското
копче (неколкупати, ако е потребно)
додека не се појави соодветната икона
.
Во оваа состојба автоматски се
вклучуваат избраните температури за
чување на храната во најдобрите
услови, а оттаму, сè доде ка е акти вирана
оваа функција, притискањето копчињата
нема да предизвика никаква промена.
Оваа функција се користи за активирање
на кус звучен сигнал при секое
притискање на некое копче (видете во
"Активирање на функциите) .
Функција Shopping (Пазарење)
Ако треба да ставите големо количество
храна, на пример откако сте се вратиле
од пазарење продукти, предлагаме да ја
активирате функцијата Shopping за да ги
изладите продуктите побрзо и да
избегнете загревање на другата храна
што е веќе во фрижидерот.
Функцијата Shopping се активира со
притискање на функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не
се појави соодветната икона
.
Функцијата Shopping се исклучува
автоматски по околу 6 часа.
За време на функцијата Shopping
автоматски се активира и вентилаторот
во фрижидерската комора.
ВАЖНО Вентилаторот во
фрижидерската комора се активира
автоматски и кога собната температура
е висока (над 38°C), дури иако
функцијата Shopping не е активна.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското
копче (видете во "Мени со функции").
Функција Action Freeze (Акциско
смрзнување)
За смрзнување свежа храна, ќе мора да
ја активирате функцијата Action Freeze.
Притиснете го функциското копче
(неколкупати, ако е потребно) додека не
се појави соодветната икона.
Ова функција се исклучува автоматски
по 52 часа.
Функцијата може да се исклучи во секое
време со притискање на функциското
копче (видете во "Мени со функции").
Аларм за прекумерна температура
Зголемувањето на температурата во
комората на замрзнувачот (на пример,
поради тоа што снемало струја) се
означува со:
трепкање на температурата
трепкање на комората на
замрзнувачот (индикаторот за
комората на замрзнувачот )
црвено осветлување на екранот
•звучен сигнал
•симбол на аларм.
Кога ќе се вратат нормалните услови:
звучниот сигнал се исклучува
24 electrolux