User manual

бројката на температурата
продолжува да трепка
осветлувањето на екранот останува
црвено.
Кога ќе го притиснете функциското
копче / прекинувачот за ресетирање на
алармот за да го исклучите алармот,
највисоката достигната температура во
комората се прикажува на показателот
неколку секунди.
Во тој момент, трепкањето престанува и
осветлувањето на екранот се менува од
црвено во бело.
За време на тревожењето, звучниот
сигнал може да се исклучи со
притискање на функциското копче /
прекинувачот за ресетирање на
алармот.
Осветлувањето на екранот останува
црвено додека не се вратат нормалните
услови за чување.
Прва употреба
Чистење на внатрешноста
Пред првото користење на апаратот,
измијте ја внатрешноста и сите
внатрешни додатоци со млака вода и
малку неутрален сапун за да се отстрани
карактеристичниот мирис на новите
производи, па исушете го темелно.
ВАЖНО Не користете детергенти или
груби прашоци, тие може да ја оштетат
политурата.
Секојдневна употреба
Смрзнување свежа храна
Комората на замрзнувачот е погодна за
замрзнување свежа храна и чување
смрзната и длабоко-смрзната храна
подолго време.
За да смрзнете свежа храна, вклучете ја
функцијата Action Freeze барем 24 часа
пред да ја ставите храната да се мрзне
во комората.
Ставете ја свежата храна за мрзнење во
горниот дел на замрзнувачот, бидејќи
тоа е најстуденото место.
Максималното количество храна што
може да се смрзне за 24 часа е одредено
на плочката со спецификации , што се
наоѓа од внатрешната страна на
апаратот.
Смрзнувањето трае 24 часа: за време на
овој период не додавајте друга храна за
мрзнење.
Чување смрзната храна
По првото вклучување или по извесен
период некористење, пред да ставите
производи во комората, оставете
апаратот да работи барем 12 часа на
најголемата поставка за Action Freeze.
Ако треба да се чуваат поголеми
количества храна, извадете ги сите
фиоки и корпи од апаратот и ставете ја
храната на полици за ладење за да
добиете најдобри перформанси.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Внимавајте
храната да не го надмине
граничникот за полнење што се
наоѓа горе отстрана (каде што го
има)
ВАЖНО Во случај на случајно
одмрзнување, на пример поради
снемување струја, ако немало струја
подолго време отколку под ставката
"време на одржување" во табелата за
технички карактеристики, одмрзнатата
храна мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да се
смрзне (откако ќе се излади).
Календар за смрзнување
electrolux 25