User manual

Симболите прикажуваат различни
видови смрзната храна.
Броевите укажуваат на времето за
чување во месеци за соодветниот вид
смрзната храна. Дали ќе важи помалата
или поголемата вредност на покажаното
време за чување зависи од квалитетот
на храната и од обработката пред
мрзнењето.
Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна,
пред да се употреби, може да се одмрзне
во преградата на фрижидерот или на
собна температура, зависно од времето
достапно за оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се
готват смрзнати, директно од
замрзнувачот: во тој случај, готвењето
ќе трае подолго.
Акумулатори на студ
Фрижидерот содржи барем еден
акумулатор на студ што го продолжува
времето на чување во случај на
снемување струја или расипување.
Правење коцки мраз
Апаратот е опремен со еден или повеќе
садови за правење коцки мраз.
Наполнете ги садовите со вода, потоа
ставете ги во преградата на
замрзнувачот.
ВАЖНО Не користете метални алатки за
вадење на садовите од замрзнувачот.
Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се
монтирани низа држачи, така што
полиците може да се наместат по желба.
За подобро користење на просторот,
предните полуполици може да лежат
преку задните.
Местење на полиците на вратата
За да се овозможи чување пакувања во
разни големини, полиците на вратата
може да се стават на различни височини.
За приспособување, постапете на
следниов начин:
постепено влечете ја полицата во
насоката на стрелките додека не се
ослободи, потоа наместете ја по желба.
Контрола на влажноста
Стаклената полица има вграден уред со
процепи (приспособливи со рачка за
лизгање), што овозможува да се
регулира температурата во фиоките за
зеленчук.
Кога отворите за проветрување се
затворени:
природната влага на храната во
преградите за овошје и зеленчук се
задржува подолго.
26 electrolux