User manual

Чистете ги кондензаторот (црната
решетка) и компресорот од задната
страна на апаратот со четка или
правосмукалка. Со тоа се подобрува
работењето на апаратот и се штеди
електрична енергија.
ВАЖНО Внимавајте да не го оштетите
системот за ладење.
Многу средства за чистење кујнски
површини содржат хемикалии што може
да ја нагризат или оштетат пластиката на
апаратот. Поради тоа, се препорачува
надворешноста на апаратот да се чисти
само со топла вода со малку течност за
миење.
По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на фрижидерот
Мразот автоматски се отстранува од
испарувачот во фрижидерската
преграда секогаш кога моторниот
компресор ќе престане да работи во
текот на вообичаената употреба. Водата
од одмрзнувањето истекува во посебен
сад од задната страна на апаратот, над
моторниот компресор, од кој што
испарува.
Важно е повремено да се исчисти
дупчето за истекување на водата од
одмрзнувањето на средината на каналот
во фрижидерската преграда за да се
спречи прелевање на водата и нејзино
капење врз храната внатре. Користете го
приложениот специјален чистач, што ќе
го најдете веќе вметнат во дупчето за
истекување.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот
мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5
mm.
ВАЖНО Околу 12 часа пред
одмрзнувањето, свртете го регулаторот
на температурата кон повисоките
поставки за да се насоберат доволни
резерви студ за прекинот на работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
ВНИМАНИЕ Не допирајте ги
смрзнатите работи со мокри раце.
Рацете може да се залепат за
смрзнатото.
3. Оставете ја вратата отворена и
вметнете го пластичниот гребач во
соодветното лежиште во долниот
среден дел, ставајќи леген одоздола
да ја собира водата од
одмрзнувањето.
electrolux 29