User manual

Монтажа
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
Поставување
Наместете го апаратот на место каде
што околната температура е соодветна
на климатската класа укажана на
плочката со спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Околна температура
SN +10°C до + 32°C
N +16°C до + 32°C
ST +16°C до + 38°C
T +16°C до + 43°C
Поврзување на електриката
Пред да го приклучите, проверете дали
напонот и фреквенцијата прикажани на
плочката со спецификации одговараат
на вашата домашна електрична мрежа.
Апаратот мора да биде вземјен.
Приклучокот на кабелот за напојување
со струја е со вземјување. Ако штекерот
од домашната електрична мрежа не е
вземјен, поврзете го апаратот со
посебно вземјување во согласност со
прописите за електрична енергија и
откако ќе се посоветувате со
квалификуван електричар.
Производителот одбива каква било
одговорност ако горенаведените
безбедносни мерки не се испочитувани.
Апаратот е во согласност со следниве
Директиви на ЕЕЗ.
Менување на страната на отворање
Вратата на апаратот се отвора надесно.
Ако сакате да ја отворате налево,
постапете на следниов начин пред да го
наместите апаратот:
1. Ослободете го горниот клин и
извадете го разделникот.
2. Извадете ги горниот клин и горната
врата.
3. Извадете го капакот на шарката (A).
Отшрафете ги клиновите (B) и
разделниците (C). Ставете го капакот
на шарката (A).
4. Извадете ја долната врата.
5. Ослободете го долниот клин.
A
B
C
Од другата страна:
1. Наместете го долниот клин.
2. Наместете ја долната врата.
3. Ставете ги клиновите (B) и
разделниците (C) на средната шарка
од другата страна.
4. Ставете ја горната врата.
5. Стегнете ги разделниците и стегнете
го горниот клин.
electrolux 33