User manual

Во случај на случајно одмрзнување,
на пример поради снемување струја,
ако немало струја подолго време
отколку под ставката "време на
одржување" во табелата за технички
карактеристики, одмрзнатата храна
мора да се изеде брзо или да се
зготви веднаш, а потоа повторно да
се смрзне (откако ќе се излади).
5.3 Одмрзнување
Длабоко смрзнатата и смрзнатата храна, пред
да се употреби, може да се одмрзне во
преградата на фрижидерот или на собна
температура, зависно од времето достапно за
оваа постапка.
Малите парчиња може дури и да се готват
смрзнати, директно од замрзнувачот: во тој
случај, готвењето ќе трае подолго.
5.4 Подвижни полици
На ѕидовите на фрижидерот се монтирани
низа држачи, така што полиците може да се
наместат по желба.
5.5 Местење на полиците од вратата
За да се овозможи чување пакувања во разни
големини, полиците на вратата може да се
стават на различни височини.
За приспособување, постапете на следниов
начин: постепено влечете ја полицата во
насоката на стрелките додека не се ослободи,
потоа наместете ја по желба.
5.6 Температурен показател
Овој апарат се продава во Франција.
Во согласност со законските прописи
кои важат во оваа земја, мора да
биде опремен со специјален уред
(види слика) кој ќе биде поставен во
долниот дел на преградата во
фрижидерот за да ја означи неговата
најстудена зона.
40
www.electrolux.com