User manual

8.2 Затворање на вратата
1.
Исчистете ги заптивките на вратата.
2.
Ако е потребно, приспособете ја вратата.
Видете во „Монтажа“.
3.
Ако е потребно, заменете ја
неисправната заптивка на вратата.
Контактирајте со сервисниот центар.
9. МОНТАЖА
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги "Безбедносните
информации" внимателно пред да го
наместите апаратот за да бидете
побезбедни и апаратот да работи
правилно.
9.1 Поставување
Овој апарат треба да биде поставен внатре,
на суво и добро проветрено место, каде што
околната температура е соодветна на
климатската класа укажана на плочката со
спецификации на апаратот:
Климатс
ка класа
Температура на околината
SN +10°C до 32°C
N +16°C до 32°C
ST +16°C до 38°C
T +16°C до 43°C
Некои функционални проблеми можат да
настанат кај некои модели доколку тие
работат вон тој опсег. Правилното работење
може да се гарантира само во наведениот
температурен опсег. Ако се двоумите околу
тоа каде да се постави апаратот, Ве молиме
обратате се кај продавачот, нашата служба за
корисниците или во најблискиот сервисен
центар.
9.2 Нивелирање
Кога го поставувате апаратот, проверете дали
стои на рамно. Ова може да се постигне со
две вртливи ногалки на долниот дел од
предната страна.
46
www.electrolux.com