User manual
- 10 -
Користење на уредот
Стартување на програма
1. Истружете или исплакнете го цврстите
остатоци од храна.
2. Наполнете ја машината за миење садови.
(види корпа и редење).
3. Сипете го точното количество детергент во
д
озерот за детергент и затворете го капакот.
4
. Затворете ја вратата.
5. Втиснете го копчето On/Off (вклучување/
исклучување). Сите програмски индикаторски
сијалици светат.
6. Втиснете го саканото програмско копче (види
програмска табела). Сите останати програмски
индикаторски сијалици се гаснат. Сијалицата
секогаш покажува во кој дел од одбраниот
циклус се наоѓа машината за миење садови.
7. Кога машината за садови ќе ја заврши
програмата, проверете ги филтрите за да
утврдите да не им е потребно чистење.
Привремено прекинување на
програма
1. Отворете ја вратата. Програмата запира.
2. Програмската индикаторска сијалица свети.
3. Затворете ја вратата и програмата ќе
продолжи по околу шест секунди.
Внимателно отворајте ја вратата додека
машината за миење садови работи, може
да дојде до излегување на жешка пареа.
Откажување програма
1.
Ппритиснете и држете ги комбинираните
копчиња, машината доаѓа во стартна положба
и сите програмски индикаторски сијалици
светат.
2. Отпуштете ги копчињата. Програмата сега е
откажана и може да се бира нова програма.
Доколку ја исклучите машината за миење
садови со притискање на копчето On/Off
избраната програма не е завршена, туку само
прекината. Кога повторно ќе ја стартувате
машината за миење садови, програмата ќе
си продолжи.
Функција на пауза
Со функцијата на пауза програмата може да се
прекине на кратко време.
1. Втиснете го копчето On/Off (вклучување/
исклучување). Програмата запира.
2. Сите сијалици се гаснат.
3. Кога сакате програмата повторно да
п
родолжи, притиснете го копчето On/Off
(вклучување/исклучување). Програмата
продолжува.
Програмата не треба да се паузира подолго
отколку што е потребно, бидејќи водата
внатре во машината за миење садови се лади
и мора одново да се загрева, што ја зголемува
потрошувачката на струја.
Откажување на фазата на сушење
Доколку не сакате да чекате додека заврши фазата
на сушење, можете да ја откажете.
1. Втиснете го копчето On/Off (вклучување/
исклучување).
2. Отворете ја вратата. Фазата на сушење е
откажана.
Исклучување на машината за
миење садови
Исклучете ја машината за миење садови кога
индикаторската сијалица за крај на програмскиот
циклус ќе светне или кога на екранот ќе се прикаже 0.
1. Втиснете го копчето On/Off (вклучување/
исклучување).
2. Оставете ја вратата малку подотворена.
Внимавајте кога наеднаш ја отворате
вратата по завршување на програмата,
бидејќи може да излегува жешка пареа.
Машината за миење садови е опремена со нов
систем за испуштање, наречен “ИМПУЛСНО
МИЕЊЕ“. Кај овој систем на миење се
разли-
кува како бројот на вртежи на пумпата, така и
притисокот на водата кај поинтензивното
миење на садовите за време на некоја
програма. Поради тоа, разните делови од
програмскиот циклус не звучат исто.
Чистење на машината за миење
садови
Исчистете ги надворешните површини на уредот со
помош на благ (неабразивен) производ за чистење
во домаќинството. Завршете со отстранување на
преостанатите трагови од производот со влажна крпа.
Не употребувајте производи за чистење кои
содржат алкохол (ракии), разредувачи и
слични супстанции.