User manual

- 15 -
Монтажа
Довод за вода
Машината за миење садови е опремена со
безбедносни функции кои служат за спречување
н
а враќање на водата во системот со чиста вода.
Овие функции се во согласност со актуелните
воднотехнички безбедносни прописи.
Температурата на водоводот не треба да надминува 65° С,
а
притисокот треба да е помеѓу 80-1000 kPa (0,8 - 10 bar).
Важно е да имате славина или вентил, поставен блиску и
лесно достапно до машината за миење садови. Достапни
се специјални славини за мешање, со спојки за машина за
миење садови, како и адаптери за постари славини.
Приклучете го доводното црево на славина со навој од 3/4”.
По потреба, употребете го испорачаниот рестриктор (1/2”).
Доводното црево не смее да биде приклучено на никаков
облик црево за продолжување. Доколку е премногу
кусо, целото црево мора да се замени со подолго црево за
висок притисок, специјално наменето за таа цел. Цревото
може да се приклучи на машината за миење садови од кој
било крај. Олабавете ја стегачката навртка, завртете го
цревото, па потоа повторно затегнете ја навртката.
Пред да ја ставите машината на своето место,
проверете дали навртката и сите останати спојки
се добро затегнати.
Користете го само доводното црево испорачано
со машината за миење садови и не користете го
одново старото доводно црево.
Одвод за вода
За да се заштити од оштетување од вода, машината
за миење садови е опремена со систем за заштита од
вода. Во случај на грешка, автоматски се вклучува
одводната пумпа и се испумпува преостанатата вода
од машината за миење садови.
Системот за заштита од вода е активен и кога
машината за миење садови е исклучена. Сепак,
машината за миење садови мора да е приклучена
на струја.
Поставете го одводното црево врз мијалникот како што
е прикажано.
Во ниту една точка не смее да биде повисоко од 75 cm
над површината на која стои машината за миење садови.
Доколку е повисоко, тоа може штетно да влијае врз работата
на машината за миење садови.
Исто така е важно да се уверите дека внатрешниот
дијаметар на цревото во ниту една точка не е помал од
13 mm. Ако одводното црево е премногу долго, тоа
лесно може да се исече до потребната должина.
1.
Пресечете го цревото на соодветна должина
со помош на остар нож.
2. Прикачете го испорачаниот лакот на крајот од
цревото.
Поврзување на електриката
Машината за миење садови е опремена со кабел и утикач
за поврзување на заземјен штекер на ѕидот, од 230 V,
која треба да биде лесно достапна и заштитена со
осигурувач од 10 A.
Пред изведувањето на какви било работи на
машината за миење садови, таа мора да се
одвои од електричното напојување, на пример,
со извлекување од штекерот од ѕидот.
Трајното поврзување на струја мора да го
изведе овластен електричар или стручно лице.