User manual

- 3 -
156 993 950
П
ред монтажата и првата употреба на машината за миење садови, внимателно прочитајте ја оваа брошура со
упатства, вклучувајќи ги и советите и предупредувањата. За да избегнете непотребни грешки и незгоди, важно
е да се уверите дека сите луѓе што ја користат машината за миење садови се темелно запознаени со нејзините
р
аботни и безбедносни карактеристики. Сочувајте ги овие упатства и уверете се дека ќе останат со машината за
миење садови доколку таа биде преместена или продадена, така што секој, што ќе ја користи во нејзиниот
работен век, ќе биде прописно информиран за користењето и безбедноста на уредот.
Монтажа и сервисирање
Сите работи на монтажа и сервисирање на овој
производ мора да ги изведува квалификуван техничар.
Р
аботи кои ги изведуваат лица со несоодветно знаење
може да имаат негативно дејство на задоволувачкото
функционирање на производот и може да
предизвикаат телесна повреда или оштетување.
Пред да изведувате какви било работи на машината
за миење садови, таа мора да се исклучи од
напојувањето со струја, со извлекување на напојниот
кабел или со отстранување на осигурувачот.
Поврзувањето на доводот на вода треба да се
изведе преку лесно достапна славина.
Напојниот кабел мора да биде приклучен во
заземјен штекер, кој треба да биде лесно достапен.
Трајното монтирање смее да го изведува само
овластен електричар или стручно лице.
Доколку напојниот кабел е оштетен, тој мора да
се замени со специјален кабел или комплет, достапен
кај производителот или неговиот сервисен застапник.
Уверете се дека напојниот кабел не е вклештен или на
друг начин оштетен и дека цревата не се пригмечени
или заплеткани, кога ја преместувате машината
за миење садови при монтажа или чистење итн.
Сервисирањето и можните поправки мора да ги
изведува сервисна компанија, овластена од страна на
производителот. Употребувајте само нивни резервни
делови. Никогаш не обидувајте се самите да ја
поправате машината за миење садови.
Безбедност на децата
Машината за миење садови треба да ја користат
исклучиво возрасните. Не оставајте ги децата да
се играат со командите или со други делови.
Запомнете дека пластичните кеси содржани во
амбалажата може да бидат фатални играчки за
малите деца.
Чувајте ги сите детергенти на сигурно место,
надвор од дофатот на децата.
Спречете ги децата да седат, да се нишаат или
да стојат врз отворената врата.
За време на употребата
Оваа машина за миење садови е конструирана
исклучиво за миење на домашен прибор за јадење,
погоден за машинско миење. Користењето за други
цели може да доведе до физичка повреда или
оштетување на имотот и да ја поништи гаранцијата.
Избегнувајте отворање на вратата додека машината
за миење садови работи, бидејќи може да дојде до
излегување на жешка пареа.
Користете само детергенти кои се специфично
назначени за користење во машини за миење садови.
Не ставајте ги острите ножеви со врвовите
нагоре. Многу е побезбедно да ги положите
хоризонтално во корпата.
Уверете се дека вратата од машината за миење
с
адови е секогаш затворена кога не се полни или
празни. На тој начин ќе избегнете некој да се
повреди од отворената.
Доколку вадите садови од машината за миење садови
пред завршување на циклусот на миење, од крајно
значење е темелно да ги исплакнете под млаз вода
за да отстраните секаков преостанат детергент.
Системот за заштита од вода заштитува од
оштетувања од вода. Мора да се исполнат
следните барања:
- Машината за миење садови мора да биде
поврзана на струја кога се исклучува.
- Машината за миење садови мора да биде правилно
монтирана.
- Секогаш затворајте го доводот за вода кода
машината за миење садови ја оставате подолг период
без надгледување.
Во случај на преплавување или протекување,
веднаш исклучете го доводот на вода, со
затворање на славината и исклучете го
напојувањето со извлекување на напојниот
кабел или со отстранување на осигурувачот.
При вадење на утикачот повлечете го утикачот,
а не кабелот.
Отстранување
- амбалажа:
Сите материјали користени во амбалажата на овој уред
се еколошки подносливи. Различните користени пластики
се идентификувани и можат да се рециклираат:
РЕ значи полиетилен, кој се користи за кесата
околу уредот и за кесата во која се ставени
овие упатства.
PS значи стиропор (лиен), кој се користи за оние
делови на амбалажата кои се потребни за
амортизација на уредот.
Картонските компоненти на амбалажата се изработени од
хартија што може да се рециклира и треба да се однесе во
собирна точка за рециклирање.
- стари апарати:
Симболот на производот или на неговата амбалажа
означува дека овој производ не може да се третира
како отпад од домаќинство. Наместо тоа, тој треба да се
однесе во соодветно собирно место за рециклирање на
електрична и електронска опрема. Обезбедувајќи
прописно отстранување на овој производ, помагате
во спречувањето на потенцијалните штетни
последици по околината човековото здравје, кои би
биле предизвикани со несоодветното управување со
отпадот од овој производ. За подетални информации
околу рециклирањето на овој производ, Ве молиме
да ги контактирате локалните власти, службата за
отстранување на домашниот отпад или продавницата
каде сте го купиле производот.
Безбедносни информации