User manual

Прскалка (1)
Важно е сите дупчиња на прскалката секогаш да
бидат чисти. Затнато дупче може сериозно да влијае
врз ефикасноста на миењето. Доколку на прскалка и
е потребно чистење, одвртете ја навртката во лево,
отстранете ја заптивката и кренете ја прскалката.
Исчистете ги дупчињата и истресете ги евентуалните
остатоци од храна.
Груб Филтер/микрофилтер (2)
Целта на грубиот Филтер е да ги зафаќа големите
предмети, како на пример чепкалки за заби и
парчиња лушпа од јајце. Уверете се дека филтерот
секогаш е чист. Завртете го грубиот Филтер во лево.
Извадете го и измијте го под млаз вода секогаш кога
е потребно.
Фин Филтер (3)
И за овој филтер е исто така важно да биде секогаш
чист. Нечист или затнат филтер секогаш ќе ја намали
ефикасноста на миењето. Откако ќе го извадите
грубиот Филтер, Финиот филтер може лесно да се
извади и да се исчисти.
Дозер за детергент (4)
Отворете го капакот од дозерот со притискање на
стегите кон внатре. Прочитајте ги упатствата на
амбалажата од детергентот, наполнете го садот
според упатствата и затворете го капакот.
Запомнете дека упатствата обично се однесуваат на
машини за миење садови со нормална големина, кога,
на пример, користите детергент во таблети, доволно
е да ставите само половина таблета. Детергентот за
претперење по потреба се всипува во помалиот сад од
лево. Овој детергент е активен веќе при претплакнење.
Уверете се дека отворањето на капакот не го спречува
некаков предмет.
Користете само детергенти кои се специјално
наменети за машини за миење садови.
Избегнувајте постојано користење на течни
детергенти, бидејќи долготрајните ефекти од
таквите детергенти создаваат потенцијална
опасност од зголемување на бучавата на
пумпата.
Дозер за средство за плакнење (5)
Користењето на средство за плакнење ќе резултира
со почисто и побрзо сушење на садовите, бидејќи
помага во цедење на водата и нечистотијата.
Премногу омекнувач може да резултира со пругасти
трагови, додека премалку може да предизвика бели
дамки. Дозерот зафаќа околу 150 ml. Ова е доволно за
прибл. 60 циклуси на перење, зависно од нагоденото
дозирање. Регулирајте го дозирањето според тврдоста
на водата.
Дозирањето можете да го нагодите помеѓу 1 - 6,
еквивалентно на 1 - 6 ml средство за плакнење.
Фабричкото нагодување е 1. Започнете со
најниско дозирање и по потреба
зголемувајте
го со вртење на стрелката за нагодување,
на пр. со помош на рачка од лажица.
Индикаторската сијалица на контролната табла
свети кога на дозерот му треба дополнување.
1
. Отворете го капакот од дозерот со притискање
на стегите кон внатре и кренете го.
2
. Наполнете со средство за плакнење; не
преполнувајте.
3. Внимателно избришете го истуреното за да
с
пречите претерано создавање на пена во
текот на следната програма за миење.
4. Затворете го капакот и притискајте додека
не се заклучи.
Не полнете го дозерот за средството за
плакнење со течен детергент.
Омекнувач на вода (6)
Оваа машина за миење садови е опремена со омекнувач
на вода, за тврда вода и оттаму дозерот за средството
за плакнење треба да се нагоди на ниско дозирање.
Бигорот во тврдата вода предизвикува појава на бели
талози на садовите и на внатрешноста на машината
за миење садови.
За да се спречи ова, водата мора да помине низ
специјален сад, каде се отстранува тврдоста. Бидејќи
омекнувачот на водата користи груба сол за машина
за миење садови, по одреден број на циклуси на миење
ќе треба да го дополните садот за сол.
Доколку живеете во подрачје каде водата
е богата со бигор, важно е пред првото
користење на машината за миење садови,
да го наполните садот со груба сол за
машина за миење садови.
Индикаторската сијалица на контролната табла
свети кога на резервоарот му треба дополнување.
1. Одвртете го капачето од грлото за полнење
на садот за сол во лево.
2. Наполнете го садот за сол со вода (само
првиот пат).
3. Наполнете го садот за сол со груба сол,
користејќи ја испорачаната инка.
4.
Извадете ја инката и избришете го
истуреното околу отворот на грлото.
5.
Завртете го капачето од резервоарот на
свое место.
Сега омекнувачот на вода е подготвен за првото
полнење садови.
Секогаш уверете се дека има доволно груба сол во
резервоарот, кој
собира околу 1 литар.
Како да го нагодувате омекнувачот на вода, ќе видите
во поглавјето “Регулирање на омекнувачот на вода“.
Користете само специјална сол за машини
за миење садови, обичната сол за домаќи-
нство може да го оштети омекнувачот на
вода.
- 5 -