User manual

- 9 -
Полнење и празнење на машината за миење садови
Како да се ставаат садовите
На сликата е прикажана машина за миење садови
наполнета со сервис за шест лица. Вашите садови
сигурно нема се исти со овие, но ако ги следите долу
н
аведените совети секако ќе бидете задоволни со
резултатите.
Секогаш поставувајте ги чашите, шолјите и
длабоките чинии завртени надолу.
Навалете ги длабоките садови (чинии за супа
итн.), така што при сушењето водата ќе може да
се исцедува.
Уверете се дека садовите не се допираат еден со
друг. Ова е особено важно кај корпата за прибор
за јадење - залепените лажици, итн. едноставно
не можат прописно да се измијат. Водата мора да
допира до сите извалкани површини.
Уверете се дека приборот за јадење со тенки
рачки и други предмети не стрчат од отворите во
корпата го спречуваат вртењето на прскалката.
Никогаш не ставајте заедно предмети од сребро
и од челик што не ‘рѓосува. Кога тие метали ќе
дојдат во допир еден со друг доаѓа до хемиска
реакција, при која настануваат дамки на
среброто.
Порцелан со апликација врз глазурата може да
не биде погоден за машинско миење, бидејќи
боите може да избледат и да го изгубат сјајот.
Истото важи и за приборот за јадење со дрвени
или пластични рачки.
Секогаш купувајте артикли кои се погодни
за машина за миење садови.
При миење, предметите од сребро и алуминиум
може да ја сменат бојата. Остатоците од јајце и
сенф, честопати предизвикуваат менување на
бојата и појава на дамки кај среброто. Секако
добро исплакнете и отстранете ги остатоците од
храна од среброто, доколку нема да го миете
веднаш по употребата.
Сите пластични артикли не се погодни за
машинско миење. Доколку се сомневате дали
Вашиот пластичен прибор може да се мие во
машина, предлагаме да проверите со миење на
само еден предмет или да си ги миете на рака.
Кога миете чувствителни предмети, од берете
програма со пониска температура на миење.
Супстанциите како кечап, содржат силни додатоци
за боење додатоци кои може да предизвикаат
привремено менување на бојата на внатрешноста
на машината за миење садови.
Не ставајте ги острите ножеви со врвовите
нагоре. Многу е побезбедно да ги положите
хоризонтално во корпата.
Празнење
Жешките садови се чувствителни на удари. Секогаш
оставајте ги садовите да се изладат пред да ги
извадите.
Садовите се сушат побрзо ако на кратко ја
отворите вратата до крај, откако програмата
за миење ќе заврши, а потоа ја оставите
подотворена.
Внимавајте при отворање на вратата,
бидејќи може да излезе жешка пареа.
Корпи
Главна корпа
Корпа за прибор за јадење
Поличките за шолји може да се постават на
две нивоа.