User manual

1.
ИНСТРУКЦИИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
Пред монтажата и употребата на овој апарат,
внимателно прочитајте ги доставените
упатства. Производителот не е одговорен ако
неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања.
Секогаш чувајте го упатството со апаратот за
идна употреба.
1.1 Безбедност на децата и
помалку вештите лица
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од задушување, повреда
или траен инвалидитет.
Не дозволувајте им на лица, вклучително и
деца, со намалено физичко чувство,
намалени ментални функции или
недостаток на искуство и знаење, да го
користат апаратот. Нивното ракување со
апаратот мора да го надгледува или
насочува лице одговорно за нивната
безбедност. Деца не смеат да играат со
апаратот.
Сите материјали за пакување чувајте ги
настрана од дофат на деца.
Сите детергенти чувајте ги далеку од
дофат на деца.
Држете ги децата и миленичињата
подалеку од апаратот кога вратата е
отворена.
1.2 Монтажа
Извадете ја целата амбалажа.
Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
Не го монтирајте и не го употребувајте
апаратот онаму каде што температурата е
под 0°C.
Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
Поврзување на вода
Пазете да не ги оштетите цревата.
Апаратот треба да се поврзе со довод на
вода со користење на дадените нови
комлети на црева. Не смеат повторно да се
користат старите комплети на црева.
Пред да го поврзете апаратот со нови
цевки или со цевки што не се користени
подолг временски период, оставете ја
водата да истече се додека не стане чиста.
Првиот пат кога го користите апаратот,
проверете дали протекува од некаде.
Поврзување на струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од пожар и електричен
шок.
Апаратот мора да биде заземјен.
Проверете дали податоците за струјата од
плочката со спецификации одговараат на
напојувањето со електрична струја. Ако не,
контактирајте електричар.
Секогаш користете правилно инсталирана
приклучница, обезбедена од струјни удари.
Не употребувајте повеќекратни приклучоци
и продолжни кабли.
Внимавајте да не ги оштетите приклучокот
за струја и кабелот. Контактирајте со
сервисот или со електричар за да го
смените оштетениот кабел.
Поврзете го приклучокот за струја со
штекерот на крајот од монтажата.
Проверете дали има пристап до
приклучокот за струја по монтажата.
Не влечете го кабелот за напојување за да
го исклучите апаратот. Секогаш
повлекувајте го штекерот за напојување.
1.3 Употреба
Овој апарат е наменет за употреба во
домаќинство и за други слични примени
како на пр:
Кујнскиот простор за вработените во
продавниците, канцелариите и другите
работни околини
Фарми
Ос страна на клиенти во хотели, мотели
и друг вид на сместувачки објекти
Сместување на база на спиење и
појадок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Ризик од повреда.
Не менувајте ги спецификациите на овој
апарат.
28
www.electrolux.com