User manual

5. Притиснете на Program. Почнува да
трепка показателот за крај. Испрекинатото
трепкање на показателот за крај се
однесува на тековното поставено ниво.
На пр. 5 трепкања + пауза + 5 трепкања
= ниво 5.
6. Притискајте го Program повеќепати за да
ја смените поставката. Со секое
притискање на Program, бројот на нивото
се зголемува.
7. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот
и да ја потврдите поставката.
6.3 Полнење на садот за сол
1.
Свртете го капачето налево и отворете
го садот за сол.
2.
Ставете 1 литар вода во садот за сол
(само првиот пат).
3.
Наполнете го садот за сол со сол за
машини за миење садови.
4.
Отстранете ја солта околу отворот на
садот за сол.
5.
Свртете го капачето надесно за да го
затворите садот за сол.
ВНИМАНИЕ
Водата и солта може да излезат од
садот за сол кога го полните. Постои
ризик од корозија. За да ја спречите,
откако ќе го наполните садот со сол,
започнете програма.
6.4 Полнење на дозерот за средство за плакнење
A
B
C
D
1.
Притиснете го копчето за отпуштање (D)
за да го отворите капакот (C) .
2.
Наполнете го дозерот за средство за
плакнење (A), но не повеќе од знакот
'max'.
3.
Отстранете го истуреното средство за
плакнење со впивлива крпа за да
спречите преголемо пенење.
4.
Затворете го капакот. Погрижете се
копчето за отпуштање да се заклучи во
правилна позиција.
Можете да го свртете селекторот за
истечената количина (B) помеѓу
позиција 1 (најмала количина) и
позиција 6 (најголема количина).
МАКЕДОНСКИ 33