User manual

7. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
Ако показателот за сол е вклучен,
наполнете го садот за сол.
Ако е вклучен показателот за
средството за плакнење, наполнете го
дозерот за средство за плакнење.
3. Наполнете ги корпите.
4. Додадете детергент.
5. Поставете ја и стартувајте ја правилната
програма за миење според видот на
садовите и извалканоста.
7.1 Користење детергент
A
B
C
D
1.
Притиснете го копчето за отпуштање (B)
за да го отворите капакот (C) .
2.
Ставете детергент во преградата
обележана со (A).
3.
Доколку програмата за миење има и
фаза за предмиење, ставете мала
количина детергент во преградата (D).
4.
Ако користите детергент во таблети,
ставете ја таблетата во дозерот за
детергент (A).
5.
Затворете го капакот. Погрижете се
копчето за отпуштање да се заклучи во
правилна позиција.
7.2 Користење комбинирани
таблети со детергент
Кога користите таблети што содржат сол и
средство за плакнење, не полнете го садот за
сол и дозерот за средство за плакнење.
1. Поставете го омекнувачот на вода на
најниското ниво.
2. Поставете го дозерот за средство за
плакнење на најниската положба.
Ако престанете да ги користите
комбинираните таблети со
детергент, пред да почнете да
користите одвоено детергент,
средство за плакнење и сол за
машини за миење садови,
направете ги следниве чекори:
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
2. Нагодете го омекнувачот на вода на
највисокото ниво.
3. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
4. Вклучете ја најкратката програма со фаза
за плакнење, без детергент и без садови.
5. Поставете го омекнувачот на вода според
тврдоста на водата во вашата област.
6. Поставете ја истечената количина на
средството за плакнење.
7.3 Поставување и стартување на
програма
Функција Reset
За некои поставки, апаратот треба да е
поставен во кориснички режим.
Апаратот е во кориснички режим кога сите
показатели на програми се вклучени, а
показното светло за крај трепка.
За да го поставите апаратот во кориснички
режим, извршете ја функцијата Reset.
1. Притиснете и задржете го копчето
Program сé додека не се вклучат сите
показатели на програми и не започне да
трепка показателот за крај.
34
www.electrolux.com