User manual

Започнување програма без
одложен почеток
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го вклучите апаратот.
3. Притискајте го Program повеќе пати сé
додека не се запали показателот на
програмата што сакате да ја поставите.
4. Затворете ја вратата на апаратот.
Програмата започнува.
Започнување програма со одложен
почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притиснете го Delay за одложен почеток
на програмата од 3 часа.
Показателот Delay се вклучува.
3. Затворете ја вратата на апаратот.
Одбројувањето започнува.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Извршете ја функцијата Reset.
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ја
поставите програмата.
Откажување на програмата
Извршете ја функцијата Reset.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
На крај од програмата
Кога ќе заврши програмата, се вклучува
показателот за крај. Ако не го исклучите
апаратот за 3 минути, останува вклучен само
показателот за програмата. Ова помага да се
намали потрошувачката на енергија.
1. Притиснете го копчето за вклучување/
исклучување за да го исклучите апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
Оставете ги садовите да се изладат
пред да ги извадите од апаратот.
Жешките садови лесно се
оштетуваат.
8. ПОМОШ И СОВЕТИ
8.1 Омекнувач за вода
Тврдата вода содржи голема количина на
минерали кои може да го оштетат апаратот и
да дадат лоши резултати во перењето.
Омекнувачот за вода ги неутрализира овие
минерали.
Солта за машината за миење садови го
оддржува омекнувачот за вода чист и во
добра состојба. Важно е да го подесете
вистинското ниво на омекнувач за вода. На
тој начин ќе бидете сигурни дека омекнувачот
за вода ја користи точната количина на сол за
машини за миење садови и вода.
МАКЕДОНСКИ 35