User manual

Рачно регулирање
Свртете го тркалцето за тврдост на водата во
положба 1 или 2.
Електронско прилагодување
1. Проверете дали ознаката за програмите
на програматорот е изедначена со
показното светло за вклучено/исклучено.
2. Држете го притиснато копчето за почеток.
Истовремено, вртете го програматорот
налево додека ознаката за програмите не
се изедначи со првата програма за миење
садови на контролната табла.
3. Отпуштете го копчето за почеток кога
показното светло за почеток и показното
светло за вклучување/исклучување ќе
почнат да трепкаат.
Показното светло за крај трепка
наизменично. Бројот на трепкањата го
прикажува нивото на омекнувачот за
вода, на пр. 5 трепкања + пауза + 5
трепкања = ниво 5.
4. За да се приспособи нивото на
омекнувачот на вода, притиснете го
копчето за почеток. Секој пат кога ќе го
притиснете копчето за почеток, вие одите
на следното ниво.
5. За да го исклучите апаратот, вртете го
програматорот додека ознаката за
програмите не дојде до показното светло
за исклучување.
5.2 Полнење на садот за сол
1.
Свртете го капачето налево и отворете
го садот за сол.
2.
Ставете 1 литар сол во садот за сол
(само првиот пат).
3.
Наполнете го садот за сол со сол за
машини за миење садови.
4.
Отстранете ја солта околу отворот на
садот за сол.
5.
Свртете го капачето надесно за да го
затворите садот за сол.
ВНИМАНИЕ
Водата и солта може да излезат од
садот за сол кога го полните. Постои
ризик од корозија. За да ја спречите,
откако ќе го наполните садот со сол,
стартувајте програма.
36
www.electrolux.com