User manual

6.2 Поставување и стартување на
програма
Режим на поставување
Апаратот мора да биде во режимот
за поставување за да стартувате
програма.
Вртете го програматорот додека ознаката
за програмите не се изедначи со програма
на контролната табла. Доколу показното
светло за вклучено/исклучено се вклучи и
фазните показни светла за програмата
започнат да трепкаат, тогаш апаратот е во
режим на поставување.
Вртете го програматорот додека ознаката
за програмите не се изедначи со програма
на контролната табла. Доколку показното
светло за вклучено/исклучено и показното
светло за старт се вклучени, а фазното
показно светло е вклучено со фиксно
светло, тогаш апаратот не е во режим на
поставување.
За да го ставите апаратот во режим на
поставување, притиснете и задржете го
копчето за почеток додека не се исклучи
показното свето за старт и не започнат да
трепкаат фазните индикатори за почеток на
програма.
Започнување програма без
одложен почеток
1. Отворете ја славината за вода.
2. Затворете ја вратата на апаратот.
3. Вртете го копчето на програматорот сЀ
додека ознаката за програмите не се
порамни со програмата што сакате да ја
поставите.
Показателот за вклучување/
исклучување се пали.
Показателите за фазите на
поставената програма почнуваат да
трепкаат.
4. Притиснете го копчето за почеток.
Програмата започнува.
Се пали показателот за почеток.
Само показателот за тековната фаза
останува запален.
Започнување програма со одложен
почеток
1. Поставете ја програмата.
2. Притиснете го копчето за одложен
почеток за да го одложите почетокот на
програмата за 3 часа. Се пали
показателот за одложен почеток.
3. Притиснете го копчето за почеток.
Одбројувањето започнува.
Се пали показателот за почеток.
Показателите за фазите на
поставената програма се исклучуваат.
Кога ќе заврши одбројувањето, програмата
започнува.
Се вклучува показателот за тековната
фаза.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата, апаратот запира.
Кога ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
1. Притиснете и задржете го копчето за
почеток додека не се изгаси показателот
за почеток и показателот за одложување.
Показателите за фазите на
поставената програма почнуваат да
трепкаат.
2. Притиснете го копчето за почеток.
Програмата започнува.
Се пали показателот за почеток.
Само показателот за тековната фаза
останува запален.
Откажување на програмата
Притиснете и задржете го копчето за почеток
сЀ додека не се исклучи показателот за
почеток и не започне да трепка показателот
за фазите на програмата.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да
започнете нова програма.
38
www.electrolux.com