User manual

меките шилци се во правилна положба,
цврсто притиснете ги надолу и
проверете да не се мрдаат.
Прилагодување на височината на
горната корпа
Ако ставате големи чинии во долната
корпа, првин поместете ја горната корпа
во повисока положба.
Најголема височина на садовите во
долната корпа
Горна положба 31 см
Најголема височина на садовите во
долната корпа
Долна положба 27 см
Направете го следново за да ја
поместите горната корпа во горната
положба:
1. Повлечете ја корпата додека не
застане.
2. Внимателно кренете ги двете страни
додека не се закочи механизмот и
корпата не биде стабилна.
Направете го следново за да ја
поместите горната корпа во долна
положба:
1. Повлечете ја корпата додека не
застане.
2. Внимателно кренете ги двете страни.
3. Држете го механизмот и оставете ја
да се спушти полека.
ВНИМАНИЕ
Не кревајте ја и не спуштајте ја
корпата само од едната страна.
Ако корпата е во горната положба,
не ставајте шолји во држачите за
нив.
Користење на детергент
Користете само детергенти (во прав,
течни или во таблети), кои се
наменети за машина за миење
садови.
Почитувајте ги податоците на
амбалажата:
дозирањето, кое го препорачува
производителот.
препораки за чување.
Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното. Со тоа ќе помогнете
во спречување на загадувањето.
36 electrolux