User manual

9. СЕКОЈДНЕВНА УПОТРЕБА
1. Отворете ја славината за вода.
2. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот.
Проверете дали апаратот е во
режимот за бирање на Програма.
Ако показното светло за сол е
вклучено, наполнете го садот за
сол.
Ако е вклучено показното
светло за средството за
плакнење, наполнете го
дозерот за средство за
плакнење.
3. Наполнете ги корпите.
4. Додајте детергент.
5. Поставете ја и стартувајте ја
правилната програма за миење
според видот на садовите и
степенот на извалканост.
9.1 Користење детергент
A
B
C
ВНИМАНИЕ!
Користете само детергенти
кои се специјално
наменети за машини за
миење садови.
1. Притиснете го копчето за
отклучување (A) за да го отворите
капакот (C) .
2. Ставете детергнет, во прашина
или таблети, во преградата (B).
3. Ако програмата има фаза на
предперење, ставете мало
количество детергент на
внатрешната страна на вратата на
апаратот.
4. Затворете го капакот. Внимавајте
капакот да биде затворен на
својата позиција.
9.2 Подесување и стартување
на програма
Стартување програма
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режимот за
одбирање на програма.
2. Затворете ја вратата на апаратот.
3. Притискајте го Program
повеќепати додека не се запали
показателот на програмата што
сакате да ја поставите.
Ако сакате да ја одберете
програмата MyFavourite ,
притиснете и задржете Program
се додека не се запали
поставката за MyFavourite .
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
4. Поставете ги применливите опции.
5. Притиснете Start за да ја вклучите
програмата.
Се пали показателот за фазата
на миење.
Времетраењето на програмата
започнува да се намалува во
чекори од по 1 минута.
Вклучување програма со
одложен почеток
1. Поставете програма.
2. Притиснете го Delay неколку пати,
сѐ додека на екранот не се покаже
времето на одложување што
сакате да го поставите (од 1 до 24
часа).
Показното светло за
поставената програма трепка
континуирано.
Се пали показното светло .
3. Притиснете на Start за да започне
одбројувањето.
www.electrolux.com16