User manual

Се пали показателот за
одбраната програма со
фиксирано светло.
За времето на одложување
меѓу 24 и 11 часа, екранот
покажува само часа. За
времето на одложување меѓу
10 и 1 час, екранот покажува
само часа и минути.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува и се вклучува
показното светло за фазата што е во
функција. Показателот се
исклучува.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена
подолго од 30 секунди за
време на фазата на
сушење, програмата што е
пуштена ќе заврши. Ова не
се случува ако вратата е
отворена со функцијата
AirDry.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ги
поставите програмата и опциите.
Притискајте и задржете ги
истовремено Program и Option додека
апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
Откажување на програма
Притискајте и задржете ги
истовремено Program и Option додека
апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
Крај на програмата
Кога програмата за миење ќе заврши,
на екранот ќе се прикаже 0:00. .
Сите копчиња се неактивни освен
копчето за вклучување/исклучување.
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување или
чекајте функцијата Auto Off да го
исклучи апаратот автоматски.
Ако ја отворите вратата пред
активација на Auto Off, апаратот се
деактивира автоматски.
2. Затворете ја славината за вода.
Функција Auto Off
Оваа функција ја намалува
потрошувачката на енергија со
автоматско деактивирање на апаратот
кога работи.
Функцијата почнува да работи:
5 минути после завршувањето на
програмата.
После 5 минути ако програмата
сеуште не започнала.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Не плакнете ги садовите рачно.
Кога е потребно, одберете
програма со фаза за предперење.
Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
МАКЕДОНСКИ 17