User manual

3. Измијте ја прскалката под чешма.
Употребете тенок остар алат, на
пр. чепкалка за да ги извадите
делчињата нечистотија од дупките.
4. За да ја ставите прскалката назад,
притиснете ја прскалката нагоре и
истовремено свртете ја налево се
додека не дојде на свое место.
11.3 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
За апаратот да може да дава добри
резултати постојано, употребете
средство за чистење специјално
направено за машина за миење
садови најмалку еднаш месечно.
Следете ги внимателно упатствата
на амбалажата на производот.
Не користете абразивни средства,
абразивни крпи, остри алати,
сунѓери со жица или растворувачи.
Редовно користење на кратки
програми може да предизвика
наталожување на маснотија и бигор
во внатрешноста на апаратот.
Пуштете ги долготрајните програми
најмалку два пати месечно за да
спречете наталожување.
11.4 Надворешно чистење
Чистете го апаратот со мека,
влажна крпа.
Користете само неутрални
детергенти.
Не користете абразивни средства,
сунѓери со жица или растворувачи.
МАКЕДОНСКИ 21