User manual

Видете во „Пред првата
употреба“, „Секојдневна
употреба“, или „Помош и
совети“ за други можни
причини.
Откако сте го провериле апаратот,
исклучете го и вклучете го апаратот.
Ако повторно се појави проблемот,
стапете во контакт со Овластениот
сервисен центар.
За шифрите за аларм кои не се
опишани во табелата, стапете во
контакт со Овластениот сервисен
центар.
12.1 Резултатите од миењето и сушењето не се
задоволителни
Проблем Можни причини и решение
Слаби резултати при
миењето.
Видете во „Секојдневна употреба“, „Помош и
совети“ и брошурата за полнење на корпата.
Користете поинтензивни програми за миење.
Исчистете ги прскалките и филтерот. Видете го
поглавјето „Нега и чистење“.
Лоши резултати при
сушењето.
Сервисот за јадење бил оставен многу долго
внатре во затворениот апарат.
Нема средство за плакнење или дозата на
средството за плакнење не е доволна.
Регулирајте го нивото на дозерот за средство за
плакнење на повисока позиција.
Пластичните предмети можеби треба да се
избришат со крпа.
За најдобри резултати при сушењето, вклучете
ја XtraDry и AirDry.
Ви препорачуваме да користите средство за
плакнење, дури и во комбинација со мулти-
таблети.
Има белузлави траги или
синкасти слоеви на чашите
и садовите.
Испуштената количина на средството за
плакнење е преголема. Регулирајте го нивото
на дозерот за средство за плакнење на пониска
позиција.
Количината на детергент е преголема.
Дамки и суви капки од
вода на чашите и
садовите.
Испуштената количина на средството за
плакнење не е доволна. Регулирајте го нивото
на дозерот за средство за плакнење на
повисока позиција.
Количината на средството за плакнење може да
е причина.
www.electrolux.com24