User manual

5. ОПЦИИ
Активирајте или деактивирајте ги
оциите пред стартот на програмата.
Не смеете да ги активирате или
деактивирате опциите додека работи
програма.
Доколку се поставени една или
повеќе опции, погрижете се да бидат
вклучени соодветните показатели
пред почетокот на програмата.
5.1 TimeSaver
Оваа опција ги зголемува притисокот и
температурата на водата. Фазите за миење и
сушење се пократки. Времетраењето на
целата програма се намалува за околу 50%.
Резултатите од миењето се исти како кај
програма којашто има нормално
времетраење. Резултатите кај сушењето
може да се намалат.
Како да се вклучи опцијата TimeSaver
1. Притиснете на TimeSaver. Се вклучуваат
соодветното показно светло и лентата за
програми. На екранот можете да го
видите ажурирањето на времетраењето
на програмата.
Доколку опцијата не важи за
програмата, соодветниот показател
трепка брзо 3 секунди и потоа се гаси.
Лентата за програми не се вклучува.
5.2 Multitab
Вклучете ја оваа опција само кога ги
користите комбинираните таблети со
детергент.
Оваа опција го исклучува користењето на
средство за плакнење и сол. Соодветните
показатели остануваат изгаснати.
Времетраењето на програмата може да се
зголемува.
Како да се вклучи опцијата Multitab
1. Притискајте гоOption сЀ додека не се
вклучи показателотMultitab.
Ако престанете да ги користите
комбинираните таблети со детергент, пред да
почнете да користите одвоено детергент,
средство за плакнење и сол за машини за
миење садови, направете ги следниве чекори:
1. Поставете го омекнувачот на водата на
највисокото ниво.
2. Проверете дали садот за сол и дозерот за
средство за плакнење се полни.
3. Вклучете ја најкратката програма со фаза
за плакнење, без детергент и без садови.
4. Приспособете го омекнувачот на вода
според тврдоста на водата во вашата
област.
5. Приспособете го испуштеното количество
средство за плакнење.
5.3 EnergySaver
Оваа опција ја намалува температурата за
време на последната фаза на плакнење.
Користењето на оваа опција ја намалува
потрошувачката на енергија (до 25%) и
времетраењето на програмата.
Садовите може да бидат влажни кога
програмата ќе заврши.
Како да се вклучи опцијата EnergySaver
1. Притискајте го Option сЀ додека не се
вклучи показателот EnergySaver. На
екранот можете да го видите
ажурирањето на времетраењето на
програмата.
Доколку опцијата не важи за
програмата, соодветниот показател не
се вклучува.
5.4 MyFavourite
Со оваа опција можете да поставите и да
зачувате програма што ја користите почесто.
Истовремено може да зачувате само
1 програма. Новата поставка ја
поништува претходната.
Како да се меморизира програма
1. Поставете ја програмата што сакате да ја
зачувате. Заедно со програмата можете
да ги поставите и достапните опции. Не
може да се зачува опцијата Delay.
2. Притиснете и држете ги
истовремено,ProgramиDelayЀ додека не
започне брзо да трепка лентата за
програми.
Како да се постави програмата MyFavourite
1. Притиснете и задржете го Program сé
додека не се вклучат показателите што се
поврзани со програмата и опциите на
MyFavourite
МАКЕДОНСКИ 9