User manual

7.1 XtraDry
Активирајте ја оваа опција кога сакате
да ги подобрите резултатите од
сушењето. Со употреба на оваа
опција, се влијае врз времетраењето
на некои програми, потрошувачката на
вода и последната температура на
плакнењето.
Опцијата XtraDry е постојана опција за
сите програми освен за
и не
мора да биде одбрана за секој циклус.
Кај другите програми поставката
XtraDry е постојана и се користи
автоматски во другите циклуси. Оваа
конфигурација може да се промени во
било кое време.
Активирање на опцијата XtraDry ја
деактивира TimeManager и обратно.
Како да ја активирате XtraDry
Притискајте го Option сѐ додека не се
вклучи показателот .
Ако оваа опција не е применлива за
програмата, соодветното показно
светло не се вклучува или трепка брзо
неколку секунди, а потоа се исклучува.
На екранот се прикажува
времетраењето на ажурираната
програма.
7.2 TimeManager
Оваа опција ги зголемува притисокот и
температурата на водата. Фазите на
миење и сушење се пократки.
Времетраењето на целата програма
се намалува за околу 50%.
Резултатите од миењето се исти како
кај програма која е со нормално
времетраење. Резултатите кај
сушењето може да се намалат.
Како да го активирате
TimeManager
Притискајте го Option сѐ додека не се
вклучи показателот .
Ако опцијата не е применлива за
програмата, соодветниот показател не
се пали или брзо трепка неколку
секунди и потоа се исклучува.
Екранот го прикажува времетраењето
на ажурираната програма.
7.3 MyFavourite
Со оваа опција можете да поставите и
да зачувате програма што ја користите
почесто.
Можете да зачувате само 1 програма.
Новата поставка ја поништува
претходната.
Како да се постави
програмата MyFavourite
Притиснете и задржете го Program сé
додека не се вклучат показателите
што се поврзани со програмата и
опциите на MyFavourite.
На екранот се прикажува траењето на
програмата.
Како да зачувате MyFavourite
програма
1. Поставете ја програмата што
сакате да ја зачувате
Заедно со програмата можете да ги
поставите и достапните опции.
2. Притиснете и задржете ги
истовремено Program и Delay се
додека показателите за
програмата и опциите не почнат да
трепкаат неколку секунди.
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното
ниво на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област. Ако
не, подесете го нивото на
омекнувачот за вода.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење.
4. Отворете ја славината за вода.
5. Стартувајте програма за да ги
извадите сите преработени
МАКЕДОНСКИ 13