User manual

Функцијата почнува да работи:
5 минути после завршувањето на
програмата.
После 5 минути ако програмата
сеуште не започнала.
Стартување програма
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување за да го
вклучите апаратот. Проверете
дали апаратот е во режимот за
одбирање на програма.
2. Затворете ја вратата на апаратот.
3. Притискајте го Program
повеќепати додека не се запали
показателот на програмата што
сакате да ја поставите.
Ако сакате да ја одберете
програмата MyFavourite ,
притиснете и задржете Program
се додека не се запали
поставката за MyFavourite .
На екранот се прикажува
времетраењето на програмата.
4. Поставете ги применливите опции.
5. Притиснете Start за да ја вклучите
програмата.
Се пали показателот за фазата
на миење.
Времетраењето на програмата
започнува да се намалува во
чекори од по 1 минута.
Вклучување програма со
одложен почеток
1. Поставете програма.
2. Притиснете го Delay неколку пати,
сѐ додека на екранот не се покаже
времето на одложување што
сакате да го поставите (од 1 до 24
часа).
Показното светло за поставената
програма трепка континуирано.
3. Притиснете Start.
4. Затворете ја вратата на апаратот
за да го стартувате одбројувањето.
Кога ќе заврши одбројувањето,
програмата започнува и показателот
за фазата на миење се пали.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на енергија
и времетраењето на програмата. Кога
ќе ја затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена
подолго од 30 секунди за
време на фазата на
сушење, програмата што е
пуштена ќе заврши. Ова не
се случува ако вратата е
отворена со функцијата
AirDry.
Не се обидувајте да го
затворите апаратот 2
минути после
автоматското отворање на
AirDry, затоа што може да
го оштети апаратот.
Ако, после тоа вратат е
затворена уште 3 минути,
завршува програмата шт
работи.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ги
поставите програмата и опциите.
Притискајте и задржете ги
истовремено Program и Option додека
апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
Откажување на програма
Притискајте и задржете ги
истовремено Program и Option додека
апаратот не влезе во режим за
одбирање на програма.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
www.electrolux.com16