User manual
Проблем Можни причини и решение
Внатрешноста на апаратот
е влажна.
• Ова не значи дека апаратот е расипан. тоа е
предизвикано од влажноста во воздухот којшто
се кондезира на ѕидовите.
Невобичаена количина на
пена за време на миењето.
• Користете само детергенти за машина за
миење садови.
• Дозерот за средство за плакнење пропушта
вода. Контактирајте со овластен сервисен
центар.
Траги од 'рѓа на кујнскиот
прибор.
• Има многу сол во водата која се користи за
време на миењето. Видете во „Омекнувач на
вода“.
• Сребрен кујнски прибор бил ставен заедно со
приборот од не'рѓосувачки челик. Избегнувајте
да ставате предмети од сребро и не'рѓосувачки
челик заедно.
Има остатоци од детергент
во дозерот на крајот од
програмата.
• Детергентската таблета се заглавила во
дозерот и затоа не била комплетно исчистена
со вода.
• Водата не може да го исчисти детергентот од
дозерот. Проверете дали прскалката е
блокирана или затната.
• Проверете дали предметите во корпата не го
спречуват отворањето на капакот на дозерот за
детергент.
Миризби во апаратот. • Погледнете го делот „Внатрешно чистење“.
Талог од бигор на
кујнскиот прибор, на
коритото или на
внатрешната страна од
вратата.
• Нивото на сол е ниско, проверете го показното
светло за повторно полнење.
• Капакот на садот за сол е лабав.
• Вашата вода од чешма е тврда. Видете во
„Омекнувач на вода“.
• Дури и при користење на мулти-функционални
таблети употребете сол и поставете
ревитализација на тврдоста на водата. Видете
во „Омекнувач на вода“.
• Ако талогот од бигор е се уште присутен,
исчистете го апаратот со чистачи за апаратот
кои се специјално наменети за оваа намена.
• Пробајте друг вид на детергент.
• Контактирајте го производителот на
детергентот.
www.electrolux.com24