User manual

сакате да го поставите (од 1 до 24
часа).
Се пали показателот за одложен
почеток.
3. Затворете ја вратата на апаратот
за да го стартувате одбројувањето.
Кога работи одбројувањето можно е
да го зголемите времето на
одложување но не и да го смените
одбирањето на програма и опции.
Кога ќе заврши одбројувањето,
почнува програмата.
Отворање на вратата додека
апаратот работи
Ако ја отворите вратата додека
програмата работи, апаратот
престанува да работи. Тоа може да
влијае врз потрошувачката на струја и
траењето на програмата. Кога ќе ја
затворите вратата, апаратот
продолжува од точката на прекинот.
Ако вратата е отворена
подолго од 30 секунди за
време на фазата на
сушење, програмата што е
пуштена ќе заврши.
Откажување на одложениот
почеток додека работи
одбројувањето
Кога ќе го откажете одложениот
почеток, морате одново да ги
поставите програмата и опциите.
Притиснете и задржете на Reset се
додека апаратот не е во режим за
одбирање на програма.
Откажување на програма
Притиснете и задржете на Reset се
додека апаратот не е во режим за
одбирање на програма.
Проверете дали има детергент во
дозерот за детергент пред да вклучите
нова програма.
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши, на
екранот прикажува 0:00 .
1. Притиснете го копчето за
вклучување/исклучување или
чекајте функцијата Auto Off
автоматски да го исклучи
апаратот.
2. Затворете ја славината за вода.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
Немојте да ги плакнете садовите
рачно. Кога е потребно, користете
ја програмата за предперење (ако е
достапна) или одберете програма
со фаза за предперење.
Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
Кога го полните апаратот,
внимавајте млазот вода којшто е
отпуштен од прскалките да биде
целосно пуштен врз садовите и тие
да бидат целосно измиени.
Внимавајте предметите да не се
допираат или да не се покриваат
едни со други.
МАКЕДОНСКИ 15