User manual

5.2 Информации за институти
за тестирање
За сите неопходни информации за
тестирањата, испратете е-пошта на:
info.test@dishwasher-production.com
Запишете го бројот на производот
(PNC) што се наоѓа на плочката со
спецификации.
6. ПОСТАВКИ
6.1 Режим за одбирање на
програма и режим на
корисник
Кога апаратот е во режим на
одбирање на програма можно е да
одберете програма и да влезете во
режим на корисник.
Во режим на корисник, следните
поставки може да се сменат:
Нивото на омекнувач на вода
според тврдоста на водата.
Активирање или деактивирање на
звучниот сигнал за крај на
програмата.
Активирање или деактивирање на
известувањето за празен дозер за
средство за плакнење.
Овие поставки ќе бидат зачувани се
додека не ги промените повторно.
Како да се постави режимот
за одбирање на програма
Апаратот е во режим за одбирање на
програма кога екранот го прикажува
бројот на програмата P1.
Кога ќе го вкучите апаратот, тој обично
е во режим за одбирање на програма.
Сепак, ако ова не се случи, можете да
го поставите режимот за одбирање на
програма на следниот начин:
Притиснете и држете на Reset сѐ
додека апаратот не дојде во режим за
одбирање на програма.
6.2 Омекнувач за вода
Омекнувачот за вода ги отстранува
минералите од доводот на вода, кои
би имале штетен ефект врз
резултатите на миењето и врз
апаратот.
Колку е поголема содржината на
минерали и соли, толку е потврда
вашата вода. Тврдоста на водата се
мери со еквивалентни скали.
Омекнувачот треба да се регулира
според тврдостa на водата во вашето
подрачје. Вашето локално
водостопанство може да ви каже
колкава е тврдоста на водата во
вашето подрачје. Важно е да го
поставите вистинското ниво на
омекнувач за вода за да добиете
добри резултати при миењето.
Тврдост на вода
Германски
степени (°dH)
Француски
степени (°fH)
mmol/l Кларкови
степени
Ниво на
омекнувач на
вода
47 - 50 84 - 90 8.4 - 9.0 58 - 63 10
43 - 46 76 - 83 7.6 - 8.3 53 - 57 9
37 - 42 65 - 75 6.5 - 7.5 46 - 52 8
29 - 36 51 - 64 5.1 - 6.4 36 - 45 7
23 - 28 40 - 50 4.0 - 5.0 28 - 35 6
МАКЕДОНСКИ 9