User manual

10.4 Чистење на
внатрешноста
Внимателно исчистете го апаратот,
вклучувајќи ги и гумениот дихтунг
на вратата, со мека влажна крпа.
Ако редовно користите кратки
програми, тие можат да остават
остатоци од маснотии и бигор во
внатрешноста на апаратот. За да го
спречите тоа, ви препорачуваме да
користите долги програми барем 2
пати месечно.
11. РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ
Ако апаратот не стартува или запира
за време на работа, пред да го
контактирате овластениот Сервис,
проверете дали можете да го решите
сами проблемот со помош на
информациите дадени во табелата.
Кај некои проблеми показателот за
крај трепка испрекинато за да укаже
на дефект.
Проблем и шифра за аларм Можно решение
Не можете да го вклучите
апаратот.
Проверете дали приклучокот за струја е
вклучен во штекерот.
Проверете дали има оштетен осигурувач
во таблата со осигурувачи.
Програмата не почнува да
работи.
Проверете дали вратата на апаратот е
затворена.
Доколку е поставено одложено
почнување, откажете ја поставката или
почекајте да заврши одбројувањето.
Апаратот ја започнал процедурата за
промена на јони во оменувачот за вода.
Времетраењето на процедурата е околу
5 минути.
Машината не се полни со вода.
Показното светло за крај на
програмата трепка еднаш со
прекин.
Звучниот сигнал се огласува
по еднаш со прекини.
Проверете дали е отворена славината за
вода.
Проверете да не е многу низок
притисокот во доводот за вода. За овие
информации, јавете се во локалното
водостопанство.
Проверете да не е затната славината за
вода.
Внимавајте филтерот во доводното
црево да не е затнат.
Проверете доводното црево да не е
засукано или свиткано.
Апаратот не испушта вода.
Показното светло за крај на
програмата трепка двапати со
прекини.
Звучниот сигнал се огласува
по двапати со прекини.
Проверете да не е затната одводната
цевка.
Проверете одводното црево да не е
засукано или свиткано.
МАКЕДОНСКИ 17