User manual

приклучокот за струја е пристапен
по монтирањето.
Не повлекувајте го кабелот за
струја за да го исклучите апаратот.
Секогаш повлекувајте го
приклучокот.
Апаратот ги исполнува барањата
предвидени со Директивите на ЕЕЗ.
Само за Велика Британија и Ирска.
Апаратот има штекер за струја со
јачина на струја од 13 ампери. Ако
е потребно да го смените
осигурувачот во штекерот за струја,
користете осигурувач од 13 ампери
ASTA (BS 1362).
2.3 Поврзување на водата
Потрудете се да не ги оштетите
цревата за вода.
Пред да го поврзете апаратот со
нови цевки или цевки што не биле
користени подолго време, оставете
водата да тече додека не започне
да тече чиста вода.
Кога за прв пат го користите
апаратот, проверете дали од
некаде протекува.
Доводното црево е со безбедносен
вентил и обвивка со внатрешен
кабел за струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Опасен напон.
Доколку доводното црево е
оштетено, веднаш извадете го
приклучникот од штекерот за струја.
Јавете се во овластениот Сервис
за да го заменат доводното црево.
2.4 Употреба
Немојте да седите или да стоите на
отворената врата.
Детергентите за машината за
миење садови се опасни. Следете
ги безбедносните упатства дадени
на пакувањето на детергентот.
Немојте да ја пиете или да си
играте со водата од апаратот.
Не вадете ги садовите од апаратот
додека не заврши програмата за
миење садови. Може да има
детергент на садовите.
Апаратот може да ослободи жешка
пареа доколку ја отворите вратата
додека функционира некоја
програма.
Не ставајте запаливи производи
или предмети натопени со
запаливи средства во, блиску до,
или на апаратот.
2.5 Расходување
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од повреда или
задушување.
Исклучете го апаратот од
приклучокот за струја.
Отсечете го кабелот за струја и
фрлете го.
Извадете ја рачката на вратата за
да спречите затворање на деца и
миленичиња во апаратот.
МАКЕДОНСКИ 5