User manual

7. ОПЦИИ
Посакуваните опции мора
да бидат активирани
секогаш пред да ја
стартувате програмата.
Функциите не може да се
активираат или
деактивираат додека
програмата работи.
Сите опции не се
компатибилни меѓу себе.
Ако сте одбрале
компатибилни опции,
апаратот автоматски ќе
деактивира една од нив.
Показателите за опциите
кои се сеуште активни ќе
останат запалени.
7.1 XtraDry
Активирајте ја оваа опција кога сакате
да ги подобрите резултатите од
сушењето. Со употреба на оваа
опција, се влијае врз времетраењето
на некои програми, потрошувачката на
вода и последната температура на
плакнењето.
Опцијата XtraDry не е постојана опција
и мора да се избира при секој циклус.
Како да ја активирате XtraDry
Притиснете . Се пали соодветното
показно светло.
На екранот се прикажува
времетраењето на ажурираната
програма.
7.2 TimeManager
Оваа опција ги зголемува притисокот и
температурата на водата. Фазите на
миење и сушење се пократки.
Времетраењето на целата програма
се намалува за околу 50%.
Резултатите од миењето се исти како
кај програма која е со нормално
времетраење. Резултатите кај
сушењето може да се намалат.
Како да ја активирате
TimeManager
Притиснете го , се пали
соодветниот показател.
Ако опцијата не е применлива за
програмата, соодветниот показател не
се пали или трепка брзо неколку
секунди и потоа се исклучува.
На екранот се прикажува ажурираното
времетраење на програмата.
8. ПРЕД ПРВАТА УПОТРЕБА
1. Проверете дали поставеното
ниво на омекнувачот на водата е
соодветно за тврдоста на
водата во вашата област. Ако
не, подесете го нивото на
омекнувачот за вода.
2. Наполнете го садот за сол.
3. Наполнете го дозерот за средство
за плакнење.
4. Отворете ја славината за вода.
5. Стартувајте програма за да ги
извадите сите преработени
остатоци кои можат да бидат во
внатрешноста на апаратот. Не
користете детергент и не полнете
ги корпите.
Кога е ја стартувате програмата, на
апаратот му требаат 5 минути за да ги
промени јоните во омекнувачот за
вода. Изгледа дека апаратот не
работи. Фазата на миење започнува
кога оваа процедура ќе заврши.
Процедурата ќе биде повторена
периодично.
МАКЕДОНСКИ 13