User manual
Крај на програмата
Кога програмата ќе заврши и ќе ја
отворите вратата, апаратот
автоматски се исклучува.
Затворете ја славината за вода.
10. ПОМОШ И СОВЕТИ
10.1 Општо
Следните совети овозможуваат
оптимални резулатите при чистењето
и сушењето во секојдневната
употреба и исто така помагаат при
заштита на околината.
• Фрлете ги поголемите остатоци на
храна од садовите во канта за
отпадоци.
• Немојте да ги плакнете садовите
рачно. Кога е потребно, користете
ја програмата за предперење (ако е
достапна) или одберете програма
со фаза за предперење.
• Секогаш користете го целиот
простор од корпите.
• Кога го полните апаратот,
внимавајте млазот вода којшто е
отпуштен од прскалките да биде
целосно пуштен врз садовите и тие
да бидат целосно измиени.
Внимавајте предметите да не се
допираат или да не се покриваат
едни со други.
• Можете да користите детергент за
машина за миење садови, средство
за плакнење и сол посебно или
можете да користите мулти -
таблети ( на пр. „3 во 1“ „4 во 1“, „Се
во 1“). Постапувајте според
податоците на амбалажата.
• Одберете ја програмата според
видот и степенот на извалканост на
садовите. Со програмата ECO
добивате најефикасна
потрошувачка на вода и енергија за
нормално валкани садови и прибор
за јадење.
10.2 Употреба на сол,
средство за плакнење и
детергент
• Користете само сол, средство за
плакнење и детергент за машини за
миење садови. Други производи
може да предизвикаат оштетување
на апаратот.
• Мулти-таблетите се обично погодни
за области каде тврдоста на водата
е до 21 °dH. Во области кои го
пречекоруваат овој праг, мора да
се користат средство за плакнење и
сол како додаток на мулти-
таблетите. Сепак, во области каде
има тврда и многу тврда вода,
препорачуваме засебно да се
користат само детергент (во прав,
гел, таблети со дополнителни
функции), средство за плакнење и
сол за оптимално чистење и
сушење.
• Таблетите со детергент не се
раствораат целосно со кратките
програми. За да спречите појава на
талог на садовите, ви
препорачуваме да ги користите
таблетите со долги програми.
• Не ставајте повеќе детергент од
препорачаното количество.
Погледнете го упатството на
пакувањето на детергентот.
10.3 Што да направите ако
сакате да престанете да
користите мулти-таблети
Пред да започнете засебно да
користите детергент, сол и средство
за плакнење направете ја следната
процедура.
1. Поставете го највисокото ниво на
омекнувачот на вода.
2. Проверете дали садот за сол и
дозерот за средство за плакнење
се полни.
3. Стартувајте ја најкратката
програма со фазата за плакнење.
Не додавајте детергент и не
полнете ги корпите.
МАКЕДОНСКИ 17